Сре06282017

Последна промена06:08:38 PM

Back Вие сте на: Home ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ Во светот на успешните - Гоце Ангеличин Жура

ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ

Во светот на успешните - Гоце Ангеличин Жура

Сподели

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат и да ги мотивираат другите.

 

Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, да пишуваат, да цртаат и музицираат, да комуницираат, едуцираат и своето знаење да го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.

Оваа недела Во светот на успешните заслужено Гоце Ангеличин Жура. Познат историчар на уметност од Охрид. Основно и средно образование завршил во родниот град, тој е првата генерација Историја на уметност и археологија во Скопје. Прво вработување му е во Завод и музеј Охрид  во 1980 год. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и Повелбата Патрон на градот "Св. Климент Охридски" за 2007 година. Во заводот и се пензионира минатата година. Целиот работен век го посвети на  истражување на црквите. Открил многу цркви, ги мапирал,  но открил и многу вредни фрески уникатни од светско значење.

Посветен на професијата Гоце е хроничар на град Охрид. Својата библиотека ја збогатил со  15сопствени  книги, вредни дела посветени на бројните цркви и храмови , пештерските цркви, фрескоживописите, културното наследство, патеписите за Охрид и др......

,,Се' жртвувајте за животот и се' очекувајте од животот и животот ќе ви даде се' кој ќе го освои животот го освоил најбогатиот град од сите светови и во тој град ќе најде поголемо богатство од она штo окото може да го види, срцето да го посака и сонот да го сонува. Ова е една филозофска мисла водилка на Гоце Жура.  

 

Енергијата ја црпам од Свети Климент. Живеам во близина на Плаошник, нема ден да не одам на камењата на Плошник да вдишам од Светиклиментовиот дух, тоа ми дава идеја,,,, тоа е мојата инспирација, па затоа и секојдневно творам. Газам на камењата стари од Свети Климент и ја чуствувам енергијата на нашиот светител , вели Гоце Жура за Охриднет.ком.

Охриднет: Кажете ни за вашето детство,  за  вашето образование?

Г. Жура: Не учев многу во основно и средно,  но историја  секогаш имав петка. Памтев години тоа многу ме привлекуваше. Откако завршив основно и гимназија паузирав неколку години работев по бивша Југославија, но после тоа откако го испеков животот како да беше писание за мене тогаш се отвори прва генерација Историја на уметност , дотогаш немаше и така веднаш заминав Скопје. Да знаете едно не случајно сме родени во Охрид или живееме во Охрид, не случајно ние бевме современици на откопувањето на 2000 години стариот македонски театар, не случајно бевме и сме сведоци на 1000 год од истражувањето на Плаошник, универзитетот и црквата Пантелејмон и не случајно ние влеговме во трет милениум. Тоа е промисла Божја не е случајно верувајте. После дипломирањето во Скопје заедно со колегата Паско Кузман па Владо Маленко од Музеј не земаше да истражуваме и за среќа сите до еден не запослија во завод од 1980 до лани до пензионирање го поминав таму. Интересно е можеби и малку смешно јас дури на 18 години научив да пливам. Преку лето,  цел свет во Охрид, а јас цел распуст бев во Прилеп кај роднините. Мојата мајка беше прилепчанка. Таа била партизанка се омажила со мојот татко кој бил  началник на државна безбедност .Нивниот брак бил првиот граѓански брак во Охрид. Но ете да кажам дека  на 18 станав најдобар пливач.

 

Охриднет: Што најмногу ве привлекуваше во вашата работа?

Г. Жура: Не сум занесен научник. Јас сум темпераментен човек. Јас сакам терен акција. Јас така и во Заводот постојано бев на терен не сакав канцелариска работа. Така и се договорив со колешките,  јас го зедов теренскиот дел. Кога почнав да истражувам од Свети Наум до последното село Плаќе. 56 села има во охридската околија по две цркви стотина цркви, кои уживав додека ги истражував. Видете,  моите документи покажуваат дека селата постоеле но, не на истите места каде се сега. Јас ги истражував и видов дека денес се со исто име,  но не на истата местоположба. Јас во мојата книга во 20007 ги истражив старите култни места, старото Слатино, Велмеј, Сирула, Вапила ги барав старите села. Тоа е една убава работа за Охрид што ќе остане како запис да се знае каков бил градот и околијата, да се знае за старите цркви. 

Охриднет: Велите секојдневно одите на Плаошник а потоа се затворате во вашата работна соба и творите. Кажете ни на што работите сега. Вашата последна книга објавена неодамна беше Патописците пишуваат за Охрид.

Г. Жура: Да секој ден одам на Плаошник. Од таму ја црпам енергијата. Го чувствувам духот на Свети Климент, тоа ми дава сила и енергија. Искрено имам и  отповеќе енергија. И имам многу идеи. Јас сум педантен во документирање на сите мои стручни написи и дела. Во иднина еве ќе ви откријам планирам сите мои искажувања, изјави  во весници од првата  во Нова Македонија од 1993, кога сум го открил Свети Наум архиереј за прв пат пред дваесетина години па се до најновите во 2016 година сакам сите  да ги соберам и да направам една  книга. Откритијата во Албанија, на ѕвоното во Свети Наум се што сум објавил за медиумите го чувам и планирам да биде една книга.  И би сакал моите говори на сите мои промовии од 1997 година до денес да ги направам во една публикација. Тоа се засега моите идни  творечки планови. 

Охриднет: На што сте најмногу горд г- дине Жура. На кое ваше откритие достигнување. Вие откривте и мапиравте 250 цркви во охридско, 45 цркви во стариот дел на гадот. Што ве прави особено горд?

Г. Жура: Можеби ќе делува нарцисоидно но сепак  ете ќе кажам,  како раководител на ресорот за фрескоживопис во охридската околија тогаш ги држев сите клучови од  сите цркви во Охрид. Од цела Југославија,  од цел свет делегации мораа да дојдат кај мене,  кај Гоце Жура за да им отворам да ги видат нашите цркви. Дали било Света Софија, дали било која друга црква. Јас бев главен. Тоа ме правеше посебно горд. Дали ќе дојдеа министри или претседатели на држави мораа да го запознаат Жура. И заменикот на Реган сум го водел во нашите цркви. На сите чест им беше да се запознаат со нашето црковно богатство, а јас горд што живеам Охрид. Во оваа непроценлива земска  убавина. Секако морам да кажам дека сум горд и на сите мои дела. Од 1997 година до денес сум напишал 15 книги.

Охриднет: Кажете ни за вашето семејство. Сигурно имавте многу поддршка за да успеете во професијата?

Г. Жура: Токму така.  Мојата најголема поткрепа во животот се мојата сакана ќерка Гордана и сопругата Николина од познатото семејство Шанданови. Таа има завршено југословенска книжевност работи во училиште. Мојата ќерка Гордана моментално има 27 години. Таа на 20 години како талентиран ученик замина Америка на студиски престој потоа во Скопје навремено дипломира германски и англиски јазик. Извесно време работеше во Германија каде магистрира ,,Интеркултурни соработки во Европа". Често патуваше во Стразбур, потоа во Венеција работеше во Унеско каде го усоврши и италијанскиот јазик. Минатата година беше една година во Буенос Аирес каде научи шпански јазик. Сега се врати  во Македонија, но  германската амбасада ја прими во најпрестижниот универзитет во Берлин каде се примени замислете  само шест студенти од цел свет годинава. Ете тоа  е мојата најголема гордост. Нејзиниот успех. 

Охриднет: Каде може да се купат денес вашите книги?

Г. Жура: За жал моите книги денес ги нема во продажба. Сите биле во ограничен број примероци се делеле или продавале на моите промоции. Никој немал слух тие да бидат издадени во повеќе примероци и денес да ги има во продажба. Јас и кога сум ги пишувал и кога сум ги печател тоа сум го правел самоницијативно  или со донации на поддржувачи и пријатели. Толку сум можел толку сум постигнал.

Охриднет: Како ви минува денес денот, бидејки веќе една година  сте во пензија?

Г. Жура: Јас сум темпераментен човек. Постојано сум во некое движење. Неможам да седам цел ден на компјутер. Не сакам многу интернет. Немам ни фејсбук профил. Можеби за некои е тоа минус јас лично неќам фејбук и седење на компјутер.  Јас дури и не пишувам на лап топ или компјутер туку се уште на старата машина за пишување. Денот сакам да го минувам во мојата работна соба и да творам или да се дружам со семејството и пријателите. Многу сакам и да готвам. Сакам убаво друштво и забава.

 

Не случајно живееме во Охрид и неслучајно сме ние дел од преминот во третиот милениум. Тоа е Божја промисла, смета Жура.  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK