ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ

,,Во светот на успешните" Борис Маркулески

Сподели

Оваа недела ,,Во светот на успешните" Борис Маркулески.

 „Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават,  создаваат  и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис…..

Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.

Во ,,Светот на успешните” оваа недела Борис  Маркулески . Млад и амбициозен,  но и професионален и истакнат туристички работник од Охрид.  Сопственик и менаџер на хотелот  ,,Тино Свети Стефан” Спа.

Винчензи Маркулески се едно од популарните охридски семејства. Сопственици на ланец хотели, ресторани и угостителски објекти. Познати како среќно  семејство, богато со  синови, снаи и внучиња. Мајката на Борис  е италијанка,  Франка Винчензи, главна на вкусната надалеку позната  кујна  на  брендот ,,Тино”……Маркулевски се доказ дека може да постои успешна фамилијарна бизнис приказна......

Во продолжение интервјуто со Борис Маркулески.

Борис со сопругата и двајцата синови 

Охриднет:  Како е да се управува со најубавиот и најсовремениот хотел на брегот на Охридското езеро?

Борис Маркулевски: Како и секој бизнис, менаџирањето на хотел има доста предизвици, меѓутоа клучно е на секој предизвик да се гледа со позитивен став. Нашиот бизнис е фамилијарен, па заедничкото управување со моите браќа и родители е она што не движи напред. Исто така, добриот тим на вработени што го создадовме  низ годините е од голема важност.

Борис и неговите двајца браќа  Деан и Тино

Охриднет: Вие долги години сте во туризмот и угостителството  располагате со уште еден хотел, популарниот ,,Тино" на кејот на Охридското езеро и еден од најдобрите ресторани. Кажете ми која е тајната на успехот?

Борис Маркулевски: Да, популарниот ,,Тино" на кејот на Охридското езеро е всушнот местото од кое што пред 17 години моите родители ја започнаа успешната приказна на квалитет и гостопримство, а новиот Хотел ,,Тино Свети Стефан" е продолжување на нашиот бренд и традиција. Како што кажав, нашиот бизнис е фамилијарен, па поддршката и лојалноста која што ја имаме меѓусебно како фамилија, и колективната посветеноста и желба кон нашата работа, е она што го прави нашиот бизнис успешен. Мојот татко Валентин и мојата мајка Франческа, која сите овие години е главен кувар во кујната на ,,Тино"  е без конкуренција најдобра во својата работа, се основата на сите успеси на хотелите. Тие се луѓето коишто ни ја поставија подлогата на која јас и моите браќа - Деан и Тино, колективно го надградуваме и прошируваме бизнисот.

Охриднет: За крај кои се вашите идни планови? Каде се гледате себе си за десетина години? Што би сакале да направите ?

Нашиот бизнис е таков, што по природа бара постојано вложување , надоградување и иновирање за задоволување на вкусовите на се поголем и поголем број домашни и странски гости. Согласно на тоа, имаме уште многу идеи и цели кои сакаме да ги оствариме, меѓутоа чекор по чекор. Најново нешто од нашиот бренд е претстојното отварање на ,,Тино'с Паб и Бар", веднаш до Хотел ,,Тино" на кејот, кој ќе биде со богата програма, и ќе ја зголеми целокупната туристичка понуда на градот. Главна мотивација ми останува фамилијата, и се надевам дека еден ден бизнисот успешно ќе го водат моите деца и внуци.

Франческа и Валентин со многуте внуци