Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ ,,Во светот на успешните" Мишел Наумоски

ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ

,,Во светот на успешните" Мишел Наумоски

Сподели

 

 

Оваа недела ,,Во светот на успешните" Ви го претставуваме Мишел Наумоски. Млад, успешен познат градски лик. Адвокат и сопственик на едно од најпознатите градски кафулиња ,,План Б". 

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат  и да ги мотивираат другите.

Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис, да пишуваат, да цртаат и музицираат, да комуницираат, едуцираат и своето знаење да го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.

Мишел Наумоски е еден од носителите на успешна семејна традиција во управување со мали бизниси во трговијата , угостителството и финансиско- правниот консалтинг.

Охриднет: Прво логично се наметнува прашањето за почетоците во бизнис работењето?Стоите на чело на значајни правни субјекти а Вашето работење, денес е успешната бизнис приказна. Дали е тешко да се менаџира и да се биде успешен продолжувач на семејниот бизнис?

Мишел Наумоски: Со текот на времето се менуваат и потребите и приоритетите на стопанското делување и секако се прави анализа и план за потребите на пазарот.Основата на нашиот бизнис е наследена од нашиот татко кој ги направи почетоците во приватниот сектор, а денес јас со мојот брат како наследници. Симболиката на водењето и упрвувњето кај нас е уредена на начин на корпоративно управувње што значајно го олеснува менаџирњето. Посветено работиме на одржување на бизнисот во добра кондиција и секако постојано истражување на пазарот за продуктивно унапредување во иднина ако тоа се покаже како потреба. Во континуитет ги пратиме и имплементираме новите стандарди во делот на бизнисот, начините на функционирање ,обуките и итн што не прави конкуретни на пазарот. Настојуваме да одржиме ниво на услуга и континуирано да ја подобруваме со нови инвестиции. Семејниот бизнис треба да стане основен двигател на економијата и како таков го практикуваме. 

Охриднет: Кафе барот „План Б“ е дел од Вашето бизнис работење. Мислам дека би било интересно да ни кажете како „се роди“ името „План Б ?.

Мишел Наумоски: Локацијата на деловниот објект т.е. просторот,  кој не опкружува во минатото не беше препознатлив по угостителска дејност и за тоа време беше невообичаено во тој дел на градот да се отвори кафетерија , бидејки во Охрид секогаш приоритетна локација за тоа бил Охридскиот плоштад односно крајбржејето што и преставува ,,План А" на Охрид.  Како пандан на најстрогиот центар на градот , во неговиот условно наречен административен дел во 2009 година започна со работа ,,План Б" кафе кое во изминативе 8 години стана место каде се спојуваат многу генерации, место кое нашите пријатели со задоволство го посетуваат што посебно не исполнува и не инспирира да правиме уште подобри понуди .

Охриднет: Се има ли време за сите работни обврски, од каде ја црпите енергијата, останува ли време за двете мали принцези? 


Мишел Наумоски: Приватното стопанисување бара исклучителен ангажман ,многу позитивна енергија и секако многу време. Задоволството е кога постои некој за кој вреди и мора да постоиш и опстоиш. Времето поминато со Јана и Надица преставува компилација на моменти во кој се рзговара за нивните емоции,потреби ,планови .... Што за мене преставува најголемиот извор на енергија.

Охриднет: Како може да се подобри бизнис атмосферата во Охрид, каде ги гледате Вашите бизниси за пет години ?

Мишел Наумоски: Генерално кај нас структурно се работи за мали или микро бизниси кој со оглед на времето на приватното стопанисување е кратко мислам на последниве 20 години,  а следствено на тоа акумулацијата на капитал на фирмите е мала или не доволна ,треба што побрзо да се адаптираме на трендот на европското функциоирање за здружување на капиталот ,,joint venture" односно поголемо практицирње на јавното-приватно партнерство ,,outsourcing" ,како би биле спремни и конкуретни во идниот период како аспиранти кон Eвропа и европските модели на функционирање.Трендот на влез на странски инвеститори во Охрид и Македонија треба да ја развие свеста на домашните приватни претприемачи за поинаков пристап кон бизнисот,секако во тој дел мислам дека треба да се искористат и многуте поволности кои се реализираат со локалните и владините проекти.

 

 

Охриднет: Мишел вие работите и како адвокат?

Наумоски: Тоа е мој нов предизвик. Сакам да се борам за правда и секогаш да бидам на страната на правдата. Успешно се снаоѓам со  професијата, која ме исполнува. Се случува да имам и по неколку судења на ден, но таков е мојот карактер, сакам предизвици и обврски. 

 

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK