Нед10222017

Последна промена10:24:23 AM

Back Вие сте на: Home ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ ,,Во светот на успешните“ - Драган Маркоски

ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ

,,Во светот на успешните“ - Драган Маркоски

Сподели

Во ова издание на „Светот на успешните“, Ви го претставуваме Драган Маркоски, електро инженер, е еден од сопствениците на „ИНФО БИРО“ од Охрид, компанија што се занимава со изработка на апликативен софтвер и продажба на компјутерска опрема..

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат  и да ги мотивираат другите.

Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис, да пишуваат, да цртаат и музицираат, да комуницираат, едуцираат и своето знаење да го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.

Драган важи за врвен професионалец, жесток работник, беспрекорен организатор, перфекциониста и човек кој знае да креира вредности. Тој е почитуван менаџер кој „држи“ извонредна комуникација со вработените и деловните партнери, практикува непосредност во контактите. Комуникацијата знае умешно да ја искомбинира со хумор и забава. 

Охриднет: Неодамна ИНФО БИРО, го доби престижниот сертификат за деловно работење „ЕКСЕЛЕНТ СМЕ“. Што за Вас претставува оваа награда, како ја доживувате?

Драган Маркоски: Компаниите кои го поседуваат овој сертификат добиваат бизнис-кредибилитет, поголема транспарентност, доверба и промоција на деловните обичаи. Оваа награда ја издава Стопанската комора на Македонија а „Инфобиро“ е носител на „Екселент СМЕ“ од 2013 година. Наградата постојано секоја година ја добиваме, што за нас претставува голема чест, голема одговорност но и сатисфакција за досегашното работење и потврда за постигнатиот успех. Со „Екселент СМЕ“, ние стануваме уште попрепознатливи во бизнис- круговите. Тоа е силен импулс за работењето на ИНФО БИРО и ширењето на нашите дејности: дизајнирање и изработка на деловен апликативен софтвер, дизајн на бази на податоци, инсталирање и одржување компјутерски мрежи, продажба на стандардна и специјализирана компјутерска опрема, продажба на потрошни материјали.

Охриднет: Често организирате презентации на повеќе софтверски компании. Што значат тие за нашите софтверски деловни субјекти?

Драган Маркоски: Да, организираме такви ивенти во Охрид, а пред неколку години имавме презентација на „Мајкрософт“ решенија чиј застапник е Еко-нет од Скопје. На презентацијата претствници на софтверски компании ги презентираа своите технолошки решенија и информативни системи за големите компании. Тоа е добра прилика, софтверски компаниите да се информираат за најновите информативни системи и софтверски решенија и да ги имплементираат во своето работење.

Охриднет: Оплеменивте многу „заборавени“ места во Охрид. Тука створивте прекрасни објекти. Во некогашен „Видео-инжинеринг“ на излезот кон Битола го создадовте „ИБ Фитнес“, во старата стоковна „1 мај“ изникна „Корнер“ за кој Охриднет го извади слоганот „Љубов на прв поглед“. Значи ли тоа „бегство“ од комјутерите кон спортот или имате повеќе визии за развој надвор од компјутерските програми?

Драган Маркоски: И едното и другото, би рекол. Компјутерите се главната алатка во мојата работа.Не можам без нив. Од друга страна, не можам и без спортот, сакам да се „опробам“ во секој спорт, ја сакам и ја играм кошарката. Не можам без добра партија пинг-понг и оттука одлучив да создадам катче што ќе биде синоним за здрав спорски живот и неодминлив дел од секојдневието на охриѓани а посебно за младите. Во ИБ фитнесот имаме фитнес часови за најмладите, посебна програма за корективна гимнастика, воспоставивме високи и современи стандарди во здравиот начин на живот и подобрување на здравиот и спортски стил на живеење. Центарот е опремен со врвни современи и професионални справи и опрема од реномирани американски произведувачи каде со професионални тренер- инструктори се изведуваат часови и програми по аеробик, зумба, фитнес, пилатес и други тренинг програми. Со „Корнер“ навистина се оплемени просторот кај поранешната стоковна „1 мај“ Сакавме да ја збогатиме туристичко угостителската понуда на Охрид со ново прекрасно место. „Корнер“.освојува и плени со прекрасниот и топол ентериер, со единствениот дизајн и со внимателно одбраните бои и нијанси на мебелот.
„Корнер“ во Охрид доаѓа во право време, во пресрет на туристичката сезона. Ќе ја збогатиме охридската туристичка понуда и ќе бидеме вистински квалитет и освежување меѓу угостителските објекти во градот.

 

Охриднет: Имате повеќе вработени. Ви претставува задоволство тоа, како менаџирате со човечките ресурси? 

Драган Маркоски: Задоволството е мое што кај нас вработување можат да најдат млади луѓе од градов. Во моментов имаме педесеттина вработени со кои одлично соработувам. Така напредуваме сите заедно.

 

Охриднет: Се има ли време за семејството, за пријателите, како го поминувате слободното време?

Драган Маркоски: Секоја минута ја користам да бидам со семејството-сопругата Дијана, синовите Јован и Никола и со моето останато семејство. Често организирам забави на кои од срце ги канам моите пријатели и деловни партнери. Сакам кога се дружиме и кога и на тој начин ја покажуваме меѓусебната почит. Бесценети се дружбите со семејството и моите блиски пријатели.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK