Пет01202017

Последна промена01:35:01 PM

Back Вие сте на: Home ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ Стојан Ѓоргоски ,,Во светот на успешните"

ВО СВЕТОТ НА УСПЕШНИТЕ

Стојан Ѓоргоски ,,Во светот на успешните"

Сподели

Оваа недела ,,Во светот на успешните” Стојан Ѓоргоски.

 

Стојан Ѓоргоски е познат охридски бизнисмен. Сопственик на успешната компанија ,,Зора”. Искусен, долгогодишен успешен менаџер , човек кој ги постави темелите во сферата со сателитска опрема во земјава. По вокација дипломиран инжинер технолог.

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават, создаваат и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис…..

Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.



,,Работете напорно и чесно, вложете многу труд, веувајте во она што го сакате и успехот е загарантиран” – ова е мотото на Стојан Ѓоргоски, кој денес сопствениот бизнис го предаде во рацете на својот син Бранко снаата Ангела и неговата ќерка Марина Симоноска и зетот Влатко. Сега денот го минува мирно, одмарајќи со седумте сакани внучиња.

ОХРИДНЕТ: ,,Зора” е една од првите компании за сателитска опрема на пазарот, повеќе од 26 години. Кажете ни како се роди ,,Зора”?

Стојан Ѓоргоски: ЗОРА е добро позната компанија. Основана во 1990 како компанија со главна дејност, проектирање, производство и изведување на телевизиски дистрибуирани системи и решенија.Од компанија со десетина вработени ЗОРА постигна голем успех заземајќи значајно место на телекомуникацискиот пазар во Р. Македонија и соседните Балкански Држави.Од своето основање, ЗОРА денес прерасна во успешна компанија која ги претставува странските компании на локалниот пазар соседноте Балкански Држави.Денес нудиме познати марки на сателитски ресивери и комплетни сателитски системи, кабелска опрема, вклучувајќи високо квалитетни FTP и коаксијални кабли, оптички кабли, 1310nm и 1550nm опрема за оптички пренос на информации, одобрени од странски и домашни партнери.


ОХРИДНЕТ: Кои се Вашите клиенти? Со која земја имате најдобра соработка?

Стојан Ѓоргоски: Застапени сме на пазарите во Србија, Албанија, Косово,Црна Гора,Босна и Херцеговина,Словенија и Бугарија. Негуваме и долгогодишна соработка со реномирани компании од областа на телекомуникациите од Кореја Тајван,Кина и Европа. На патот на успехот продолжуваме како главни извозници за цела Европа и сме застапници за една од најголемите Кинески компании Gospell.Во изминатите години направивме сеопфатно испитување на пазарот за сателитски системи и согласно потребите и развојните стратегии станавме партнери и авторизирани дилери на неколку други светски познати компании за сателитска и кабловска опрема. Поради проширување на нашите бизнис интереси како и нашата заложба да бидеме поблиску до нашите соработници во 2012 година отворивме нов модерно опремен, продажен салон на ЗОРА ДОО во Скопје опремен со најновата сателитска и кабелска технологија.Во улога на нашите потрошувачи секогаш сме достапни за подршка,сервис и одржување на сателитските системи. Вршиме презентација на Европските саеми:TV Conekt-во Лондон,Anga-Colonge-Германија,IBS - Rai-Амстердам,а главната инспирација ја црпиме од најголемите светски саеми од Кона и Хонг Конг.

ОХРИДНЕТ: Која е тајната на успехот?

Стојан Ѓоргоски: Со квалитетно и професионално работење, напорна и чесна работа и мотото – “клиентот секогаш на прво место”, ЗОРА денес е една од најуспешните македонски компании и македонски препознатлив бренд. А за да се биде лидер на пазарот, важно е компанијата да биде и општествено одговорна – активно да придонесува за доброто на заедницата. притоа секогаш свесни дека треба да ги вклучиме и ранливите групи, да им дадеме еднаква можност да бидат поврзани со најновите телекомуникациски достигнувања.

ОХРИДНЕТ: Каде ја гледате Вашата компанија во иднина? Им ја предадовте на Вашите деца.....

Стојан Ѓоргоски: Согласно својата мисија и стратегија за развој постојано ќе воведуваме новини во работењето, а се со цел најдобро да одговориме на потребите на своите корисници.Само со целокупен технолошки напредок, преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени ќе имаме и задоволни потрушувачи,Верувам дека моите деца ќе продолжат по патот на успешноста. Синот Бранко, снаата Ангела, ќерката Марина и зетот Влатко, се иднината на нашата успешна приказна. Работат сложно, напорно и чесно. Веруваат еден во друг. Тоа е доволно за да стигнат до целта. Верувам дека ќе чекорат напред и ќе го зачуваат угледот на нашата компанија Зора и бидејќи тоа е семеен бизнис, јас силно верувам дека еден ден компанијата сложно ќе ја управуваат моите седум внуци.

ОХРИДНЕТ: Како Ви поминува денот? Изминативе неколку години ги минувате во одмор и релаксирање со бројните внуци?

Стојан Ѓоргоски: Да можам да кажам дека се повлеков од бизнисот. Им изградив на децата успешна компанија и сега таа е во сигурни раце. Често се дружам со пријателите и бизнис партнери давајки им пример на моите деца како да ги негуваат бизнис односите -Секогаш сум тука за нив со совети и предлози за идни проекти. Најголемо задоволство ми е да одмарам во викендичката во Свети Стефан. Особено во летниот период уживаме во забавата на базен. Моите внуци се мојата најголема инспирација. Седум ангелчиња кои ми го греат срцето. Три момчиња и четири девојчиња сите на слична возраст, најмалото 5 месечно бебе а најголемото 11 години ми го разубавуваат денот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK