Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Хипократова супа за детоксикација

Хипократова супа за детоксикација

Сподели

Како што најавивме , Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела ќе објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

 

,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

За оваа недела нашата соработничка се определи за ,,Хипократова супа".

Хипократ ја сметал за царица на супите , најздрав оброк што можете да си го дозволите. Препорачлива е за прочистување на вашиот организам и совладување на сите болести почнувајќи од најобична настинка  до тешки заболувања. Најмногу помага кај бубрежните заболувања, комплетно ги чисти и лекува бубрезите.

Потребни состојки:

1 зелена пиперка

2 страка праз

3 компири 

1/2 ili 1/4 корен целер

2 главици кромид

3-4 чешниња лук

1 помала китка магдонос

ловоров лист

1 тегла сецкан патчиџан

Начин на подготовка:

Се сецкаат сите намирници и се ставаат во инокс тенџере. Се додава еден литар дестилирана вода( мора да биде дестилирана водата доколку сакате да има ефект на прочистување на бубрезите). Се додава и теглата сецкан патлиџан. Целиот зеленчук мора да биде органски, здрав и без хемикалии. Се меша со дрвена или пластична лажица. Се вари 2-3 часа на тивко. Кога е готова се блендира. Се додава ладно цедено маслиново масло (може и ленено) и цеден лимон.

Се сервира и украсува со магдонос, лук, кругови лимон и коцки од р,жан леб.

Совет: Во оваа супа воопшто не треба да се додава ништо, ниту сол. Се прави исклучиво од наведените намирници. 

Подготовката низ фотографии:

 

На здравје !!!! Уживајте во здравите оброци на Охриднет и Билјана Јанеска. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK