Сре11202019

Последна промена12:26:55 PM

SCREEN

Cpanel

          

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Здрав и неверојатно вкусен намаз од сончоглед

Здрав и неверојатно вкусен намаз од сончоглед

Сподели

Како што најавивме , Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела ќе објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

 

 ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

За оваа недела нашата соработничка се определи намаз од сончоглед. 

Ви предлагаме  посен, здрав и неверојатно вкусен намаз од сончоглед. Станува збор за сиров непреработен намаз, кој е здрав и потребен на секој организам. 

Исклучително е здраво да се конзумира сирова, непреработена храна која дава живот. --

-,,Ако едно семе го ставиме во земја од него ке израсти ново растение, а ако е термички обработено нема. Па така и со нашето тело. Живата храна единствено дава живот и треба секој ден да се конзумира", вели Јанеска. 

Потребни состојки:

-200 гр непечен, излупен сончоглед ( се остава да кисне најмалку 5-6 часа во млака вода)
-еден филџан ладно цедено маслиново масло
-еден филџан вода
-сок од 1лимон
-една лажица сенф
1 мала лажичка морска нерафинирана сол ( може и хималајска)
-малку црн бибер
- две до три чешниња лук

Подготовката е навистина лесна. Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Се става во стаклена тегла и се чува во фрижидер. Препорачливо е намазот да се јаде со р,жан здрав леб. Може да се користи како додаток со било која друга храна, добра комбинација е со печен или варен компир. Може да се користи во сите рецепти каде што додавате мајонез. Ова е одлична здрава и многу повкусна опција за руска салата која можете да ја направите посна со помош на овој намаз, како  замена за мајонез.

Добар апетит!!! 

Подготовката низ фотографии:




  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK