Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Како да препознаете здрава органска храна

Како да препознаете здрава органска храна

Сподели

Денес сите се обидуваме да живееме здраво. сакаме да се храниме здраво да не внесумае отови. Знаеме дека за тоа е потребна органска здрава храна без пестициди, но често сме излажани не знаеме како да ја препознаеме.

Дали има разлика доколку храната е органска или не? Краткиот одговор на ова прашање е да, има разлика! Разликата ќе ја почувствувате вие, вашите деца, пчелите, земјоделците, дрвата и реките. Најголемата разлика ќе ја почувствува планетата Земја.

Секој органски производ без разлика дали е во свежа состојба или преработен треба да ја има ознака која гарантира дека производот ги задоволува стандардите за органско производство. Доколку производот нема ознака, тој не е органски производ. Во земјава органската храна се означува со сонце околу кое вирее фиданка. Производителите на органска храна во Македонија производите ги продаваат како конвенционални сметаат дека поради повисоката цена нема да можат да ги пласираат на пазарот велат од министерството за земјоделство, иако нема големо отстапување во цената. Свежиот органски компир е само за пет денари поскап од конвенционалниот. Поголем дел од асортиманот е увезен.

Граѓаните се повеќе консумираат органска храна пред се оние кои имаат здравствени проблеми но и оние кои сакаат да се хранат здраво. Во Македонија има 360 производители на органска храна најмногу се произведуваат житарици, најмалку градинарски култури. Од организацијата на потрошувачи велат дека постојат многу заблуди околу органската храна и нејзиното означување, затоа неопходна едукација и добро информирање.
Организацијата на потрошувачи заедно со министерството за земјоделство изработи веб страна www. organskisvet.мк на која може да се прочита што е органска храна, како да се препознае и каде може да се купи. Инаку на плоштадот Македонија денеска 20 македонски производители на органска храна ги изложија своите производи на Фестивалот на органска храна, кој се оддржува под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“, а која има за цел да ја промовира органската здрава храна и здравите навики на живеење.

Европската унија има сопствена ознака за органски производи. Како што е прикажано на сликата десно таа има облик на лист составен од ѕвезди кои се преземени од знамето на ЕУ. Оваа ознака можете да ја сретнете на производи кои се увезени на нашиот пазар од ЕУ.

 

Во Македонија законски е забранета употребата на слични термини (на пр. „еко“, „био“ и „еколошки“), и сите префикси, суфикси, кратенки или нивни комбинации изведени од терминот органско кои може да го доведат во заблуда потрошувачот по прашање на видот на производството.Оттука, само органските производи кои се увезени можат да бидат означени како „еколошки“, „биолошки“ и сл. согласно усвоениот термин од страна на земјите од кои потекнуваат овие производи. На пример, во Хрватска органските производи се именуваат како „еколошки производи“, додека во Бугарија се означени како „биологически производи“.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK