Нед10222017

Последна промена10:24:23 AM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Вкусен компир со лукче... здраво вкусно некалорично

Вкусен компир со лукче... здраво вкусно некалорично

Сподели

 

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

  ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

 Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

За оваа недела нашата соработничка се определи вкусен компир со лукче.

Пред да ви го пренесеме рецептот ќе ви наведеме 9 причини зошто токму компирот треба често да се јаде:


1. Богат е со вит Б6, значи смирува, го храни мозокот и може да спреци мозочен удар.
2. Содржи вит Ц па особено во зима ве штити од настинки.
3. Содржи вит Д , па особено е здраво да се користи во денови кога не сте изложени на сонце.
4. Содржи железо 
5. Содржи магнезиум и ги зацврстува мускулите.
6. Содржи калиум и овозможува нормална работа на бубрезите.
7. Содржи природен засладувач, па кога јадете компир имате помала потреба од благо.
8. Содржи каротеноиди особено Б каротин и го успорува процесот на стареење.
9. Затоа што има толку малку калории и може да се подготвува на многу разни начини. 

Ние ќе  ви презентираме  еден начин на приготвување

Напомена: 
Компирот сам по себе е диетален, содржи многу малку калории доколку не му се додава многу сол, масло и млеко. Не заборавајте препорачуваме органски компир. 

А сега рецептот за здрав компир со лукче.

Потребно

компири

лук

маслиново масло

нерафинирана морска сол или хималајска сол

Подготовка:

Компирите најпрво се варат, па се сецкаат како на сликата но не скроз до долу. Не треба да се лупат, се јадат со лушпата.
Се редат во тавче за печење. Во меѓувреме се толчат неколку чешниња лук со ладно цедено маслиново масло и може малку крупна нерафинирана морска сол.
Секој компир се премачкува одозгора и се печат додека да се вцрват малку одозгора. Компирот така станува однадвор крцкав како чипс а внатре мек и сочен. Ако ви останало од маслото со лук премачкајте повторно. Се сервира со намазот од сончоглед и свеж или варен зеленчук.

Фотографии:

Добар апетит!!!!

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK