Сре06282017

Последна промена06:08:38 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Оваа недела вкусна и здрава торта од моркови

Оваа недела вкусна и здрава торта од моркови

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

 

  ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

 Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук. 

За оваа недела пред Новогодишните и Божиќните празници нашата соработничка се определи за Торта од моркови.


"Carrot cake" или најпознатата торта од моркови.


Станува збор за торта без шекер, без млеко, без јајца, без маргарин, без зејтин... едноставна превкусна, вкус кој не се заборава.

Потребни состојки:

2 големи чаши  рендан морков (300гр отприлика)
300гр црно брашно ( јас ставив 100гр ржано и 200гр пченично)
150-200гр црно суво грозје ( измелено или иситнето за да и даде блажина на тортата
Една банана испасирана
2 лажици кокосов крем или масло
Една чаша 250мл растително млеко, овесно или бадемово ( јас ставив овесно, послатко е)
Една чаша ореви иситнети
1лажица пециво
1лажичка сода бикарбона
1лазичка цимет
1/2 лажичка морско оревце
1лажица јаболков оцет

За филот:


10 урми (по можност свежи)
300гр индиски ореви претходно киснати во топла вода 2-3часа
Една чаша 250мл растително млеко (овесно употребив)
Едно лажиче или стапче цимет
Сок од еден цел лимон
За тестото едноставно се мешаат добро сите состојки и се остава да отстои околу 15 минути. Се дели на два дела. И секој дел се пеце посебно во округло тавче за торти на 200 степени.
За филот, се става се во блендер и се блендира.

Прекрасно мириса додека се пече, незаборавен мирис, незаборавен вкус.
Одозгора се украсува со рендана кора од портокал и кругови од портокал
Со сигурност ова е највкусната и најздравата торта што некогаш  сте ја направиле.

Добро здравје и добар апетит!!!

Фотографии:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK