Нед10222017

Последна промена10:24:23 AM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Оваа недела здрав зимски десерт од пченица и јаболка

Оваа недела здрав зимски десерт од пченица и јаболка

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

 

  ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

 Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук. 

За оваа недела  токму на Католички  Божиќ нашата соработничка се определи за десерт од пченица и јаболко. 

Зимски десерт од пченица, јаболко и ѓумбир, со сите божиќни мириси во него

Потребно:

7-8 јаболки печени
 цимет
1 лажица рендан ѓумбир свеж 
Пола лажиче  морско оревче во прав
1 чаша варена пченица
1 чаша ореви мелени ( може и сецкани)
1лажица мед

Подготовка:

Јаболките се редат со рацката надолу а горе се длабат малку, се посипува цимет и така се печат.
Се пасираат, а лушпата внимателно се вади за да ја употребите за декорација.
Во пасираното зе додаваа се останато.
Се сервира украсено со мелен орев и цветчиња направени од јаболкова лушпа.

Овој десерт има висока енергетска вредност, затоплува и ја раздвижува крвта.
Не се јаде веднаш после оброк, туку барем 1 час пред или после јадење.
Здрав десерт без шеќер, идеален за во зима.

 Уживајте добар апетит!!!

Подготовката низ фотографии:

 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK