Пон06262017

Последна промена01:40:07 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Пченкарна веге мусака за здрав старт на 2017 година

Пченкарна веге мусака за здрав старт на 2017 година

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

 ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук. 

За оваа недела, првиот ден  во 2017 година  нашата соработничка се определи за пченкарна веге мусака. 

Потребни состојки:

Рендан морков
Рендан кромид
Рендана тиквица
Рендани шампињони
Грашок
Доматен сос
Органска палента без гмо

Подготовка:

Палентата се вари со вода и малку морска нерафинирана сол. Сите други состојки се динстаат кратко без вода само со 3-4 лажици доматно пире

Зачини се ставаат по желба, хималајска сол, бибер. Потоа се редат во тавче , слој палента па во средина зеленчукот и пак се покрива со палента. 

Одозгора со вилушка се прават дупчиња и се пече кратко во загреана рерна , само колку да фати коричка. Јас ја послужив со обарена брокула малку доматен сос, магдонос и секако свежо цеден сок од јаболко и морков.

Драги читатели на Охриднет.ком ја користам оваа прилика да ви посакам среќна и успешна 2017 година!!! Многу здравје, радост и љубов. И секако не заборавајте , хранете се здраво. Нашите рецепти даваат енергија, витамини и здравје... Се читаме во рубриката Здревје на Охриднет, Ваша Билјана Јанеска. 

ФОТОГРАФИИ:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK