Чет05252017

Последна промена08:07:46 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје За Божиќ почестете се со здраво овошно фрапе

За Божиќ почестете се со здраво овошно фрапе

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

 

 ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

За оваа недела на д втор ен Божиќ нашата соработничка се определи за овошни фрапеа. 

 Јас овие фрапеа ги викам Фрапе ,,Мартин" -кремавото и Фрапе ,,Елеонора" -розевото. Така ги нареков бидејќи овие се моите две најомилени фрапеа. Ке ви ги претставам бидејки се наједноставни и највкусни, а воедно и исклучително здрави.


За фрапе ,,Мартин" ни се потребни следниве состојки:


(За две часи)
1 поголема банана
300мл овесно млеко
1 лажичка ленено семе
1/2 лажицка цимет
Сето тоа заедно се става во блендер и  блендира.

За фрапе ,,Елеонора" потрени се: 

(За две часи)
1 поголема банана
300мл кокосово млеко
7 вишни
1лажица мед
Сето тоа заедно се става во блендер и се  блендира

Треба да се пие веднаш по подготовката , додека е свежно бидејќи ако стои подолго може да потемни од бананата. 

Уживајте и почестете ги гостите со здрав и вкусен напиток!

Фотографии:

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK