Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје 6 најдобри природни лекови против настинка

6 најдобри природни лекови против настинка

Сподели

Некои органски производи навистина можат да го подобрат нашето здравје. Ви ги наведуваме шестте најдобри природни лекови за кога ќе ги почувствувате зимските временски услови.

1.Ѓумбир

Ѓумбирот помага за циркулација на крвта и притисокот. Овој корен има многу лековити придобивки што може да ги добиете едноставно со правењето на чај. Додадете цимет, лимон или мед за вкус и лековити состојки.

2.Лук

Едно неодамнешно истражување на 146 учесници покажало дека луѓето кои земале лук како додаток пријавиле помалку случаи на настинка. Според „Healthline“ тој исто така ја намалува тежината на симптомите.

3.Витамин Ц

Овошјето и зеленчукот, вклучувајќи го лимонот, портокалот, цитронот и лиснатиот зелен зеленчук се богати со витамин Ц, кој го подобрува имунолошкиот систем и помага за побрзо оздравување.

4.Сол

Едно истражување од 2005-тата година покажува дека гаргара со солена вода може да ги спречи горните респираторни инфекции. Според „Healthline“ оваа едноставна мешавина го намалува и отпушта слузот во грлото.

5.Мед

Медот се покажал ефективен како и лекот декстрометорфан против кашлица. Според „Medical Daily“ доколку сте настинати или нешто ви се случува со грлото или горните дишни патишта, сирупот од мед ќе ви помогне да се изборите со инфекцијата и да ги смирите мембраните.

6.Чоколадо

Какаото содржи хемикалија наречена теобромин кој може да му помогне на телото да се избори со симптомите на настинка. Едно истражување од 2012-тата година покажало дека какаото го блокира дејството на сензорните нерви кај оние со настинка, што ќе го спречи рефлексот на кашлање, според „Everyday Health“.


Извор:enauka.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK