Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Шеќерот е убиец.... Како да се одвикнеме?

Шеќерот е убиец.... Како да се одвикнеме?

Сподели

Шеќерот и декларативно стана корен на сите здравствени проблеми, но, за жал, неколку децении подоцна.

Додека сите бевме насочени кон елиминација на сите маснотии во диетите во 90-те години на минатиот век, нашата зависност од шеќер остана без надзор. И уживавме во кексите, колачите и другите процесуирани слатки.

Сега сме во фаза како да се одвикнеме од овие слатки намирници? Според славната нутриционистка Елиси Гудман, тоа наводно е многу едноставно.

– Престанете да јадете шеќер! Колку помалку јадете, толку помалку ќе ви се јаде. Јадете храна богата со нутритиви и за кратко време ќе забележите дека желбата за слатко ќе се намали. Моите клиенти забележаа дека желбата за слатко почнува да се намалува четвртиот или петиот ден од нивното ’чистење’. Првите денови е најтешко, но ако сакате да победите во битката, мора да истраете — вели Гудман.

Според експертите шеќерот е убиец. Само шест лажички шеќер дневно е доволно да внесеме преку храната и пијалокот, според  препораката од Светската здравствена организација (СЗО).

Според експертите шеќерот да биде извор на пет отсто енергијата во однос на досегашните 10 отсто, што одговара на количина од 25 грама шеќер.

Под овие шеќери се подразбираат моносахариди, дисахариди (сахароза), кои производителите ги додаваат во храната и пијалокот, како и шеќерите од медот, сирупите, овошните сокови…

Овие насоки на СЗО не се однесуваат на шеќерот во свежото овошје и зеленчук, ниту пак во шеќерот присутен во млекото, затоа што не се забележани негативни последици од конзумирање на тие шеќери.

На пример една лажица кечап содржи една лажица шеќер, а лименка газиран пијалок иа дури 10 лажици шеќер.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK