Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Пијте зелен чај за долг и здрав живот

Пијте зелен чај за долг и здрав живот

Сподели

Зелениот чај, како и другите чаеви од растението Camellia sinensis, е богат извор на полифеноли.

Тоа се моќни антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото. Еден од најстарите светски познати истражувачи за полезното дејство на зелениот чај, Џон Вајсбургер, тврди дека зелениот и црниот чај содржат 8-10 пати повеќе полифеноли, отколку овошјето и зеленчукот.

Освен антиоксиданси, зелениот чај содржи и витамин Ц, некои витамини од групата Б, цинк, магнезиум, калиум, манган и флуорид.

Related image

Издвоивте повеќе причини зошто треба да пиете зелен чај

  1. Ја спречува појавата на рак. Многубројни истражувања покажале дека консумацијата на зелен чај помага во заштитата од рак на стомакот, хранопроводот, простатата и панкреасот. Резултатите покажале дека колку што е поголема консумацијата на зелен чај, толку повеќе се намалува ризикот од појава на ова кобно заболување. Јапонско истражување покажало дека жените кои пијат повеќе зелен чај пред и по операција од рак на дојка го намалуваат ризикот од повторна појава на болеста. Во почетокот на оваа година, истражување во Калифорнија го докажало позитивниот ефект на зелениот чај и во заштитата од рак на белите дробови. Консумацијата на барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови дури за 5 пати.
  2. Заштитува од срцеви заболувања. Редовното консумирање на зелен чај го намалува ризикот од срцев удар и атеросклероза. Исто така, овозможува полесно и побрзо закрепнување на пациентите кои доживеале срцев удар.
  3. Го подобрува имунитетот. Зелениот чај помага во заштитата од настинка и грип.
  4. Помага за намалување на „лошиот“ холестерол. Консумирањето на барем 2 чаши зелен чај дневно го намалува нивото на „лош“ холестерол (LDL) во телото.
  5. Го заштитува џигерот. Зелениот чај има способност да го заштити џигерот од токсини како алкохолот и од хемикалиите што ги има во чадот од цигарите.
  6. Спречува појавување на камен во бубрезите. Околу 5% од светската популација страда од камен во бубрезите, а зелениот чај ни овозможува на природен начин да се бориме против оваа болест.
  7. Го подобрува денталното здравје. Веќе постојат докази дека зелениот чај ја спречува појавата на кариес, но исто така и ги уништува бактериите во устата кои што предизвикуваат лош здив.
  8. Слободно може да се каже дека зелениот чај е еден од оние продукти кои не треба да ги прескокнувате. Не само што е чудотворен извор на здравје, туку е и идеален сојузник во борбата со килограмите.

Моќното позитивно дејство на зелениот чај е докажано и во борбата против рак на кожа и Паркинсонова болест, а исто така и против воспаленија. Зелениот чај го стимулира метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта и помага за убав изглед на кожата.

Related image

Пијте секој ден една шолја зелен чај. Штета немате се препорачуваат како дневна доза од 4 до 5 шолји зелен чај. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK