Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Оваа недела рецепт за Медитерански прокељ

Оваа недела рецепт за Медитерански прокељ

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба. 

 

  ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Нашата соработничка оваа недела ви предлага Медитерански прокељ.

Прокељот се смета за витаминска бомба.Потсетува на минијатурна главица зелка. Тој е исклучителен извор на витамини Ц, А и К, фолна киселина, калиум, манган и целулоза, а во неговиот карактеристичен вкус уживале и античките народи

Потребни состојки

Прокељ- мали зелчиња

Ѓумбир
Маслинки
Павлака
Маслиново масло
Интегрално брашно
Морска сол
Магдонос
Лимон
Вода

Подготовка


Зелчинјата се варат и се цедат, а посебно во друг сад се става на оган кратко 2-3 лажици маслиново масло, 2 лажици рендан гјумбир, 2-3 лажици брашно и кога ке се спои се прелива со вода и се меша со рачна маталка да стане густо како сос. Потоа се трга од огнот и се додава хималајкса сол, црн бибер (по желба), павлака 2 лажици, пола лимон цеден, сецкани маслинки, пола китка магдонос сецкан и на крај сварените прокуљици.
Се меша и се послужува по ваша желба, како главно јадење, како ужинка или како прилог со друго јадење.

Фотографии

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK