Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Овошна бајадера торта без шеќер

Овошна бајадера торта без шеќер

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

 ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Нашата соработничка оваа недела, ви го пренесува рецептот за овошна бајадера торта без шеќер и печење. 

Потребни состојки:

Прв слој:
200гр бадеми
20 урми
Втор слој:
200 гр бадеми
250гр црвено овосје ( јагоди, цреши, рибизли, малини....) може и замрзнато
1-2 лажици мед
1лажица кокосово масло

ПОДГОТОВКА:

Урмите се ставаат во малку топла вода да искиснат им се вади семката и лушпата ако се одделува и се бландира заедно со водата во која се киснеле. Потоа се меша со мелените бадеми и се става во модул за торта од 20-25 см.

Овошјето заедно со медот и кокосовото масло се блендира и се меша со мелените бадеми
Доколку сакате можете меѓу двата слоја да ставите кругчиња сецкана банана, уште подобро и повисока ќе ви е тортата. Врз бананите се става вториот розевиот слој.
Се украсува со овошје и се става во замрзнувач да одстои 2-3 часа. 

Уживајте во оваа вкусна но и здрава торта!!! 

ФОТОГРАФИИ: 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK