Чет10192017

Последна промена09:41:09 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Здрав, вкусен и домашен путер од кикирки

Здрав, вкусен и домашен путер од кикирки

Сподели

 

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Нашата соработничка оваа недела, ви го пренесува рецептот за домашен, здрав и вкусен путер од кикирики.

Путерот од кикирики на пазарот држи висока цена иако кикириките се доста евтини. Па ете можност за 2-3 минути да направите домашен со ист вкус како купениот и многу поздрав без никакви додатоци конзерванси и сл.
Кикириките се многу здрава намирница која содржи витамин Е, добар за нашата кожа и тен, содржи витамини од Б групата а најважно витамин Б3 или ниацин кој е дирекно одговорен за нашето психичко здравје. Содржат Q10 кој ги чува нашите клетки од ДНК промени, мастите се заситени и го штитат срцето , а што е многу важно  дава огромна енергија на здрав начин.
Иако на 100гр путер од кикирики има околу 500 калории, ако внесете до 50 гр дневно (200 калории) нема да и штети на вашата линија а ке добиете многу нутритивни вредности и на здрав начин ке ја зголемите вашата енергија и сила.
Исто така кикириките се богат извор на протеини па ја зголемуваат и мускулната маса.

Потребни состојки:
-200гр кикирики
- 2 лажици мед
-1 лажица кокосово масло
- пола или помалку од пола лазиче сол.
Се ова се блендира додека да добие мазна структура како путер.
Соберете го во тегличе и потоа можете да го користите по ваша желба.
Јас го послужив намачкано на р'зано лебце со малку мармалад и банана и чаша топло растително млеко. Добро оди и со чај од нане.

Добар апетит!

ФОТОГРАФИИ:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK