Чет10192017

Последна промена09:41:09 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Најздравиот појадок - рецепт за вкусна овесна каша

Најздравиот појадок - рецепт за вкусна овесна каша

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

 

,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Оваа недела Ви откриваме рецепт за најздравиот појадок- овесна каша. 

 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1чаша вода ( најдобро изворска )
1 чаша млеко ( растително или домашно органско )
7-8 лажици органски овесни снегулки
1мала лажицка цимет
Суво грозје една рака
Мед
Банана
14 бадемчиња
Јаболко ( или било кое сезонско овошје )

ПОДГОТВА:


Кога ке зовријат водата и млекото ( а може и само со вода ) се ставаат снегулките да врие 2-3 мин и се исклучува шпоретот а се остава да си врие и се додаваат искиснато суво грозје и пола мелени или сецкани бадеми.
Се сервира и одозгора се става мед, останатите бадеми цели и многу овошје по ваш вкус. Јас имав банана и јаболко, но секогаш добро одат и освежителните овошја како киви, портокал и сл
Циметот исто е по ваша желба, дозволете си да додавате вкусови од било какви здрави намирници по ваша желба. Може и кокос, оревчиња, лешник....
Јас овесна каша јадам за појадок буквално секој ден веќе речиси 3 години.
Никогаш нема да ви здосади.


Не заборавајте дека е многу важно садот во кој готвите да е од инокс.
Можете и да ја направите само основата вода и овесни снегулки, па потоа се нека биде по ваша желба и вкус. Но јадете ја обавезно што почесто, како основа за долг и здрав живот. 

За комплетен старт на денот, обавезно со кашата и свежо цеден сок од портокал.

 

ФОТОГРАФИИ: 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK