Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Оваа недела стек од зелка, гответе и јадете здраво

Оваа недела стек од зелка, гответе и јадете здраво

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

 ,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Оваа недела Ви откриваме рецепт за стек од зелка.

Подготовка:

Една свежа зелка се сече на пола, се вади кочанот и се сече како на сликата.Се реди во тава за печење.
И се попрскува со крупна морска сол и со маслиново масло. Маслото ќе пробие низ празнините и со мало помрднување на секое парче се разнесува под секое парче зелка.
Се става да се пече околу 30-40 минути со едно внимателно превртување и посолување и од другата страна.Крајните ливчиња ако се попечени извадете ги порано и направете од нив со виткање убава роза.
При крај се ренда малку тврд козји кашкавал или пармезан по желба.
Кога ке се готови се сервираат со кисело млеко во кое ке исецкате малку бело лукче.
Вкусот ќе ве изненади. Крцкави ливчиња прекрасен вкус и мирис.

Фотографии:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK