Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Подгответе пченкарни лепчиња од домашно брашно

Подгответе пченкарни лепчиња од домашно брашно

Сподели

Охриднет и Билјана Јанеска секоја недела објавуваат здрави рецепти со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

 

,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Оваа недела Ви откриваме рецепт за домашно пченкарно брашно и лепчиња со сиренце. 

Многу е едноставно да си направите сами пченкарно брашно. Јас го правам сама и секогаш тазе мелено онолку колку што ми треба, но можете и поголема количина која ке ја чувате во фрижидер.
Купувам кочани од стара тврда пченка од старо семе од пазар. Ги ронам зрната и си ги чувам на темно и ладно место. Не во фрижидер. Во обична кутија.
Потоа кога ми треба, мерам и си ја мелам во машинка за мелење кафе.
Денес ке ви покажам еден рецепт за лебчиња со пченкарно брашно
Лебчињата се без квасец, без масло, интегрални се и многу здрави.

Потребно ви е:
100гр пченкарно брашно
100гр интегрално брашно
200гр пченицно брашно тип 500 од потемното.
400гр јогурт
1 лажичка хималајска сол
1 лажичка сода бикарбона
И козјо сиренје

ПОДГОТОВКА:

Сите видови брашно се месаат убаво во подлабок сад каде ке го замесувате тестото. Се додава и солта и сода бикарбона и се убаво се меша. Се додава и јогуртот и се меша убаво со лажица.
Потоа се истура на набрашнета површина и пополека со додавање брашно по малку се оформува меко тесто. Се остава 10 минути  да одмори и потоа се дели на 12 еднакви топчиња. Во секое топче се става по едно парче козјо сирење. Се потплескуваат по малку за полесно да се испечат внатре, се редат на набрашнета тава и се печат околу 10ина минути во загреана рерна на 200-220.

Јас ги посужив со патлиџан, сирење и маслинки. Добар апетит! 

ФОТОГРАФИИ:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK