Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Јаболко-карамел крофни на здрав начин

Јаболко-карамел крофни на здрав начин

Сподели

Денес ви носиме рецепт за здрави а вкусни  јаболко- карамел крофни. 

 

Не само децата туку и возрасните, сите уживаат во надалеку познатите мини крофни. Знаејки колку е штетен шеќерот  нашите рецепти се базирани на здрави брашна  и здрав шеќер. 

Потребни состојки:

1 поголемо јаболко 

1/2 цеден лимон (половинка) или малку џус

1/2 чаша  млако млеко со лажица стопен путер

1/2 чаша брашно ( спелта, оризово, безглутенско интегрално)  по ваш избор

2 големи лажици Стевиа (Виталиа)

1 голема лажица кафеав шеќер 

1 пециво 

2 ванили

1 лажица цимет

карамела прелив 

Подготовка:

Јаболкото се ренда во него се додава лимонов сок или џус, потоа циметот и шеќерот и стевиата на крај 3 л прелив карамела. Се заедно се меша. Во истата смеса се додава брашното јас употребил почовина спелта половина интегрално пченично. Се додава пецивото а потоа млекото. Сместата се става во шприц и се полни загреаниот апарат за крофни. 

Ќе добиете превкусни мини крофни кои се здрави и за вас и за вашите деца! 

Крофните ги прелевата со карамела или по ваш избор. 

Оваа мера е за дваесеттина мини крофни во апарат. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK