Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Рецепт за здрав пудинг од кивиано

Рецепт за здрав пудинг од кивиано

Сподели

Продолжуваат здравите рецепти на Охриднет и Билјана Јанеска. Објавуваме рецепти и совети со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која повеќе од две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

Оваа недела рецепт  е брз, лесен, вкусен, но најважно од се` здрав пудинг од кивиано.

Потребно:

2 зрели кивиана

2 банани 

250 гр млеко може растително или какво што користите 

4 лажици чиа семе 

1 лажица јаворов сируп 

кокос или јаткасти плодови за украсување 

Подготовка:

Се чисти кивианото со лажице се вади содржината се става во блендер се мискира со бананите, млекото. На крај се додава јаворовиот сируп и полека со лажица чиа семето па се меша  и се става во стаклени садови. Се остава половина час да се згусти семето. Потоа се украсува.

Уживајте во прекрасниот вкус.

Накратко да ве запознаеме со придобивките од кивианото. Станува збор за исклучително здрав плод, кој е извор на влакна и витамин Ц. Содржи цинк, железо и магнезиум. Семето на кивианото содржи многу голема количина на витамин Е  кој помага во одржување на срцето, добрата кожа, нервите, мускулите и црвените крвни зрнца. 

 

ФОТОГРАФИИ:

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK