Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Подгответе „печење од зеленчук“ - тава витамини

Подгответе „печење од зеленчук“ - тава витамини

Сподели

 

Продолжуваат здравите рецепти на Охриднет и Билјана Јанеска. Објавуваме рецепти и совети со кои ќе ја подобрите вашата здравствена состојба.

 

 

,,Ние сме она што јадеме.....телото само може да се излекува од сите болести само преку начинот на исхрана"....

 

Основа на рецептите на Јанеска, жената херој која повеќе од две години е на Герсон терапија и ја победи најтешката болест , се органското овошје и зеленчук.

 

Оваа недела рецепт е брз, лесен, вкусен, но најважно од се` тава витамини ја нарековме „печење од зеленчук“. 

Подготовка:

Модрите патлиџани се сецкаат по должина неизлупени. Морковите на кругови, сладок компир на кругови и црвен патлиџан на кругови. Се маринираат кратко и се редат по истиот редослед.

Маринада:

Филџан маслиново масло, 2-3 лажици маџун, лажиче сол, црн бибер, лажица црвен пипер, лажица куркума во прав, малку чили во прав, пола исцеден лимон, ако имате малку соја сос, лук по желба и др зачини ако имате некој омилен слободно ставете. Се меша и секое парче се премачкува и се реди во тава. Се полива пола филџан вода и се става да се пече.

Се сервира со ориз или компир, свеж кромид, магдонос и лимон.

Уживајте во здравите но вкусни јадења! 

ФОТОГРАФИИ:

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK