Јадете јапонско јаболко - ризница од витамини и минерали
- Детали
- Објавено на Недела, 03 Декември 2017 11:56
Секојдневно јадете јапонско јаболко - ризница од витамини и ма=инерали потребни на вашето тело.
Јапонските јаболка по берењето се многу тврди и имаат адстригентни својства (ни ја собираат устата), па баш не се поволни за јадење. Најчесто се јадат созреани, но потребно е да се чека долг временски период за да созреат. Но, во целава приказна има и финта.
Ставете го тврдото јапонско јаболко во замрзнувач и оставете да го замрзне (неколку часови), а и да го заборавите не е страшно, потоа оставете го да одмрзне на собна температура (немојте во печка или микро) и тоа е потполно созреано и спремно за служење.
Јапонското јаболко изобилува со огромни количини на витамин А и бета каротени, кои ја даваат неговата портокалова боја. 1 јапонско јаболко има приближно 50% од дневните потреби на витамин А, важен за острината на видот и здравјето на коските, кожата и непцата. Освен овој витамин, јапонското јаболко содржи солидна количина на витамин Ц и железо. Јапонското јаболко е богато со многу минерали: селен, бакар калиум и др. Селенот има антиоксидантни својства и токму од тие прични, по катастрофата во Чернобил, од валандовскиот регион биле извозени големи колични на јапонски јаболка токму за овој регион.
И за крај би сакал да позборуваме за флавоноидите кои ги содржи јапонското јаболко. Најзначајниот флавоноид кој го содржи ова јаболко е фисетинот. Овој флавоноид има антиканцерогено, антиинфламаторно и антивирално својства. Некои научни истражувања тврдат дека фисетинот може да има позитивно влијание кај болни од Алцхајмерова болест.
Автор Влатко Таневски - нутриционист