Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Енормното загадување ги преполни болниците

Енормното загадување ги преполни болниците

Сподели

Енормното загадување ги преполни болниците со пациенти.

Доаѓаат во ургентна состојба , со гушење, помодрени во борба за кислород. На Институт за белодробни заболувања и туберкулоза има 30 пациенти кои примаат кислород, од нив 10 постојано се на апарати во дневната болница другите се на интензивна. Директорот на институтот вели дека најголема мака од аерозагадувањето имаат хронично болните и дечињата. Кој препорачува ако имаа симптоми како што е честата кашлица, да не одложуваат, веднаш да одат на лекар.

Преполн е и Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле”, каде хоспитализирани се повеќе од 80 дечиња кои имаат бронхопневмонија, бронхитис или ларингитис. Состојбата им е влошена пред се како што рече директорот доктор Андоновски, поради загадувањето. Од вчера попладне не важат мерките за намалување на загадувањето, пишува Алфа.ТВ. 

Загадување има во повеќе градови во земјава. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK