Вто10232018

Последна промена03:41:59 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Дивите саморастечки билки се храна и лек

Дивите саморастечки билки се храна и лек

Сподели

Дали знаете што е тоа тушт? Тој е најраспростанетиот досаден корен низ светот, но дека е здрав и дека се јаде никој не знае.....

 

Кога зборуваме за здрав живот и за здрава храна, секако треба да ги споменеме и да се едуцираме што повеке за дивите саморастечки билки кои ги има насекаде околу нас. Поголемиот дел од нив се многу лековити, пребогати со нутриенти и бесплатни се. 

Наближува пролетта и скоро во секој двор ќе порасне тушт во бавча. Туштот е една од најраспространетите билки на светот и се смета за коров. Најчесто расте во обработуваните земјени површини помеѓу останатиот зеленчук кој го одгледуваме. Луѓето  не се запознаени со вистинската вредност на оваа билка, ја сметаат за еден од најупорните и најдосадните корови, па ја корнат и ја фрлаат, а многу често ја користат и за прехрана на домашните животни.

 

Туштот е една огромна ризница на омега-3 масни киселини, ги содржи повеке и од лененото семе. Покрај нив, полн е и со витамин C, A, Б и Е. Содржи железо, магнезиум, калиум, манган, фосфор и калциум, листовите содржат и до 95% вода. Одлична храна е за деца. Може да се јаде жив во салати, во сокови, но и да се готви, да се додава во чорби и супи и да се динста со друг зеленчук. Листовите му се сочни, има неутрален, малку киселкаст вкус и лесно се прилагодува во разни комбинации. Истражувајки низ интернет сретнав и информација дека може да се кисели за зимница.

Здравјето на дланка 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK