Вто09252018

Последна промена11:07:40 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Светски ден на оралното здравје, грижата препуштете ја на најдобрите

Светски ден на оралното здравје, грижата препуштете ја на најдобрите

Сподели

20 Март е Светски ден на оралното здравје. Денес топло  Ви препорачуваме грижата за Вашето орало здрваје да им ја прпеуштите на врвните и докажани рпофесиналци во Охрид тоа е тимот на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во компелксот Света Ѓоргија. 

 

Може да добиете бесплатни консултации од врвните доктори. 

-„Тука сме за Вас да ви излеземе во пресрет секогаш! Доколку имате некои стоматолошки проблеми или едноставно сакате да прашате нешто во врска со вашето орално здравје, јавете се на 046/230 079 и закажете термин за бесплатни консултации со нашите доктори! 

Од особена важност е рано откривање на неправилности во развојот на забите кај децата, советуваат стоматолозите.

-„Интерцептивата е област од стоматологијата која има за цел рано откривање на неправилностите во нивниот почетен стадиум и со мали тераписки мерки и активности да се создадат максимални услови за правилен развиток на забите и вилиците. Неправилностите функционално го оптоваруваат апаратот за џвакање и го зголемуваат ризикот од појава на кариес, пародонтопатија, заболувања на дишните патишта, органите за варење и развитокот на говорот. Причините за создавање на неправилности можат да бидат: наследност, нарушување во исхраната, хормоните, губење на забите, лоши навики, импактирани заби, задоцнето никнување на трајните заби, плитко спојување на френулумот. Превентивните мерки почнуваат уште во периодот на бременост со познатите хигиенски мерки – да се избегнува алкохол, никотин, земање на лекови, зрачење, стрес, физички напор. Со појавата на млечните заби од особена важност е навременото санирање на кариесот, со што се спречува рано губење на млечните заби кои го детерминираат правилниот распоред на трајните заби. При губење на млечен заб кој не е во периодот на физиолошка смена се препорачува изработка на чувар на простор за трајниот заб. Неправилната положба на забите предизвикува појава на кампитуелен загриз (пресилен) и неправилна функција на целокупниот орган за џвакање. Неправилности што се јавуваат во детска возраст се: - Неправилна положба на еден заб – се препорачува вежба со шпатула - Неправилна положба на повеќе заби – се корегира со коса плоча или мобилен апарат - Преразвиена долна вилица – со подбрадок и капа кој го ограничува растот на долната вилца - Неправилна положба на долната вилица која може да се реши со состружување на млечните трети заби (канини) - Навика за дишење на уста и цицање на прсти – предизвикува неправилности на предните заби и се корегира со вестибуларна плоча. Во периодот на развој на детето често се користи и миофункционална терапија која претставува волна контракција (стегање) на мускулите со адекватна амплитуда и насока, со што се постигнува правилно поставување на забите, јакнење на група мускули, правилно голтање, правилен говор и правилен развој на некои делови на лицето и вилиците. Соработката на родителот, детето и стоматологот, раното препознавање и правилната дијагноза имаат клучно значење за ефективна терапија и превенирање на појава на неправилности во подоцнежна возраст“, советува  Д-р Владимир Новакоски доктор по општа стоматологија од Стоматолошки центар Д-р Баткоски.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK