Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Денес е Светски ден без месо

Денес е Светски ден без месо

Сподели

На  20 март, веќе 29 години по ред се одбележува Светскиот ден без месо.

 

Овој ден се одбележува со цел да се обнови природата која потрошувачите треба да ги стимулира на консумација на здрава храна. Светскиот ден без месо кај нас Православните христијани се совпаѓа со велигденските пости. Продажбата на здрава храна, микробиотиката, овошјето и житариките е нешто што треба да се развива во сите сегменти, од продавниците, па се до рестораните. Голем број ресторани и пицерии веќе нудат вегетаријански спацијалитети и салати, пици без месо и сирење, а со зеленчук и печурки, како и голем број комбинации на специјалитети базирани на житарки, зеленчук и разни сосови кои претставуваат компезација на месо.
За нас Македонците животот без месо е незаменлив што треба многу децении да поминат да се одвикниме како што тоа го прават јапонците и индијците. 

Зошто да не јадете месо?

Еден од клучните проблеми кои многумина научници и биолози го наведуваат е фактот дека човечките црева едноставно НЕ СЕ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ВАРЕЊЕ НА МЕСО. Животните кои се месојадни, имаат пократки црева (цревата им се трипати подолги од должината на телото), па на тој начин распаднатото месо кое во процесот на дигестија произведува и испушта тосични супстанци, бргу се исфрла надвор од организмот. Бидејќи растителната храна се распаѓа многу поспоро од месото, тревојадите имаат шест пати подолги црева од должината на телото. Човекот има црева како тревојад, па доколку јаде месо, токсините можат да предизвикаат преоптерување на бубрезите, што не ретко може да доведе до гихт, артритис, реуми и рак. Со научните истражувања водени во последните 20 години ЈАСНО се укажува на постоењето поврзаност помеѓу конзумирањето месо и појавата на рак на дебелото црево, на ректумот, рак на дојка или на матка. Наведените видови болест ретко се појавуваат кај лица кои јадат минимална количина или пак воопшто не конзумираат месо, како што се некои Адвентисти, Јапонци или Индијци, а спротивно на тоа претставуваат многу зачестена појава кај народите кои јадат големи количества месо. Извадок во списанието The Lancet тврди:

“ Луѓето кои живеат во подрачја каде е забележана висока појава на карцином на дебелото црево, честопати имаат прехрана богата со масти и протеини од животинско потекло, за разлика од лицата кои живеат во подрачјата со изразено ниска стапка на такви случаи, и кои претежно применуваат вегетаријанска исхрана... “

Понатаму, конзумирањето на месо и риба, освен што предизвикува болести како артериосклероза, висок крвен притисок, инфаркт, мозочен удар, дијабет, остава и токсична стапка на метаболички одпад во крвта, предизвикува авто–токсемија, собирање на мочна киселина во ткивото; трулежот на месото во цревата предизвикува развој на артритис, пиреја, шизофренија, остеопороза и други најчести болести кои онеспособуваат и убиваат преку 3 милиони луѓе годишно - факти кои се документирани и потврдени во повеќе стотици научни студии. Вегетаријанците имаат 20% понизок морталитет од сите горенаведени причини, што значи живеат подолго и не се разболуваат често. Не треба да се заборават и низа паразитски, бактериски и заразни болести кои се поврзани исклучиво со намирници од животинско потекло (доволно е да се спомне само кравјото лудило). Мрсната храна исто така предизвикува пребрзо губење на енергија, можна еректилна дисфункција, стареење, и го скратува животниот век. Америчката национална академија на науките (American National Academy of Sciences) во 1983 год. известува дека “ЛУЃЕТО МОЖЕБИ БИ МОЖЕЛЕ ДА ГИ СПРЕЧАТ НАЈЧЕСТИТЕ СЛУЧАИ НА РАК СО ПРИМЕНА НА ИСХРАНА СО ПОМАЛКУ МРСНО МЕСО, А ПОВЕЌЕ ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК И ЖИТАРКИ.“ Официјалната позиција на Американската асоцијација за прехрана (American Dietetic Association) во однос на вегетаријанската исхрана е дека таквата исхрана е здрава, придонесува за квалитетот на здравјето и истовремено превенира бројни здравствени патологии и болести. Воедно се гарантира дека добро балансираната вегетаријанска, или веганска исхрана е здрава и полезна и за жени во период на бременост и ги задоволува нутритивните потреби на децата, пишува Срце за животните.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK