Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Три најдобри природни антибиотици

Три најдобри природни антибиотици

Сподели

Прочитајте кои се трите природни антибиотици.

Колку и да го зајакнувате вашиот имунитет, многу често доаѓа до инфекции. Еве со што можете да ја одбегнете употребата на силни антибиотици и примање инјекции.


Масло од оригано
Ова волшебно масло се добива од листовите на билката оригано. Освен што неговиот мирис и арома совршено одат со голем број јадења, маслото од оригано е и моќен борец против бројни инфекции, за што е заслужна состојката наречена карвакрол. Многу мала доза од ова масло поседува неверојатни антибактериски својства против дури 25 различни видови бактерии.
Дозирање: 1 до 4 капки, три пати дневно. Додајте ги во шолја чај или чаша сок.


Лук

Го обожаваме во јадењата, го обожаваме во прав и го обожаваме свеж во салата. Лукот е крал на зеленчукот. Тој е совршен зачин благодарение на неговата силна арома и мирис, но лукот има и многу други помоќни својства. Лукот е силен, природен антибиотик кој не ги уништува здравите бактерии како што тоа го прават хемиските антибиотици.
Благодарение на главната состојка на маслото со алин, кој со сечкање се разградува во алицин, лукот има антибактериско дејство. Го забавува развојот на бактерии, па затоа успешно ги уништува вирусите и габите и е многу ефикасно средство против настинка и грип.
Дозирање: 2 до 4 чешниња лук дневно како додаток во јадењата или во салата. Ако не ви пречи мирисот и силниот лут вкус, може да го јадете и свеж.


Луто пиперче

Чили пиперчете или лутото црвено пиперче е важен дел од азиската историја, како од кулинарството така и од традиционалната медицина. Овој многу едноставен зачин со лут, но дискретен вкус оди одлично со многу јадења и десерти, а најчесто се користи сушен или во прав. Во кинеската медицина се смета за важен аналгетик против болки, а има и антибактериско дејство.
Дозирање: ½ лажичка дневно како додаток во исхраната или поделете го во две шолји чај или сок.

Извор: ubavinaizdravje.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK