Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

 
Back Вие сте на: Home Здравје 10 навики со кои им штетите на вашите бубрези

10 навики со кои им штетите на вашите бубрези

Сподели

Бубрезите се навистина важни органи во нашето тело.

Тие ја прочистуваат крвта, лачат хормони, ги апсорбираат минералите, ги отстрануваат токсините и ја неутрализираат киселината.
Овој пар органи секојдневно филтрира дури и до 200 литри крв. Па, како едни од најважните органи, бубрезите бараат посебно внимание. Нарушувањето на функцијата на бубрезите или нивното делумно оштетување може долго да помине незабележано.
Истражувањата и искуствата на пациентите покажале дека бубрезите можат да функционираат и со само 20% од нивниот капацитет. Поради ова болестите на бубрезите често се нарекувани и „тивки“, па од голема важност е да се грижите за нивното здравје. Според мислењето на експертите, ова 10-те навики со кои им штетите на овие органи.
1. Недоволен внес на вода
Најважната задача на бубрезите е филтрирање на крвта и отстранување на токсините и штетните материи. Ако не пиете доволно вода во текот на денот, токсините ќе се задржат во организмот и крвта. Тие се причина за многу нарушувања, ја забавуваат работата на бубрезите и можат многу да ви наштетат.
2. Консумирање премногу сол
На вашето тело му е потребен натриум, односно сол, за нормално да функционира. Според експертите, не треба да консумирате над 5 грама сол дневно. Ако внесувате повеќе, важно е да знаете дека тоа предизвикува покачување на крвниот притисок, но и забавување на работата на бубрезите.
3. Задржување на урината
Многумина го игнорираат нагонот за мокрење бидејќи се презафатени или не сакаат јавни тоалети. Но со ова се зголемува притисокот на мочниот меур и бубрезите. Резултатот може да биде појава на бубрежни камења, инконтиненција и други проблеми со бубрезите.
4. Консумирање рафиниран шеќер
Понекогаш внесуваме дури 10 пати повеќе шеќер од препорачаната доза, а секогаш страдаат бубрезите. Истражувањата покажале дека со само два пијалаци со додаден шеќер, значително се зголемува концентрацијата на протеини во урината. Протеините во урината се знак дека бубрезите не функционираат како што треба.
5. Недостаток од витамини и минерали
Недостатокот од витамини и минерали го зголемува ризикот за камења во бубрезите и нарушување на нивната функција. Витаминот Б6 и магнезиумот се особено важни кога станува збор за заштита од камења во бубрезите.
6. Внес на животински протеини
Преголемиот внес на протеини, особено од животинско потекло, дополнително ги оптоварува бубрезите. Тоа значи дека се јавува поголем напор што води до нивно оштетување или намалена функција.
7. Недоволно спиење
Сите знаеме колку се важни сонот и одморот. Хроничниот недостаток на сон е поврзан со многу болести, вклучувајќи ги и оние не бубрезите. Во текот на спиењето телото ги обновува оштетените клетки на бубрезите, па потребно е доволно време за да заврши целиот процес, односно околу 6 и 8 часа секоја вечер.
8. Пиење кафе
Исто како и солта, и кафето го покачува крвниот притисок, со тоа зголемувајќи ја работата на бубрезите. Пиењето кафе, со текот на времето може да предизвика поголема штета на бубрезите.
9. Употреба на лекови против болка
Наместо природни и сигурни лекови, често употребуваме комерцијални средства за намалување на болката, па дури и кога не ни се потребни. Овие лекови можат да направат вистинска штета на црниот дроб и бубрезите.
10. Пиење алкохол
Алкохолот е отров што бубрезите мораат да го преработат и исфрлат. Многу често пиењето алкохол може да биде неумерено и претерано, а со ова дополнително се оштетуваат бубрези теи црниот дроб. Алкохолот е како диуретик што ја зема водата од телото, и на овој начин влијае на бубрезите.


Извор:kafepauza.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK