Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

 
Back Вие сте на: Home Здравје Во „Папилон“ отворени Инфра црвена и Финска сауна

Во „Папилон“ отворени Инфра црвена и Финска сауна

Сподели

Понудата во салонот за убавина „Папилон“  во хотелот „Дипломат“ во  Охрид збогатена со сауни.

За релаксација здравје и убавина деновиве започнаа со работа две сауни. На задоволство на сите кои умеат да се грижат за сопственото здравје  ќе работат  Инфра црвена сауна и Финска сауна. 

Инфра црвената сауна е извор на здравје и подмладување на телото

Како што со туширање и разни купки го чистиме телото, така инфрацрвената сауна се користи за чистење на внатрешноста на организмот.

Многу брзо по користење на инфрацрвената сауна ќе забележите промени како мека кожа, намалување на телесната тежина и повеќе енергија во телото. Додека ја користите сауната, акумулираниот целулит и токсините во Вашето тело постепено ќе се топат, а Вие ќе имате повеќе енергија и ќе добивате младешки изглед.

Исто така постојат постојат докази дека со користењето на инфрацрвена сауна, од 24 до 48 часа по повреда, инфрацрвената енергија може да го намали времето потребно за Вашиот организам да се регенерира.
30 минути поминати во инфрацрвена сауна е удобно, смирувачко, релаксирачко искуство – без пареа и претерана топлина. Наместо чувство на празнење, ќе почувствувате наплив на енергија во Вашето тело. Инфрацрвената сауна може да ги олесни болките во мускулите и зглобовите. Влијанието од инрацрвената сауна ќе се забележи и на Вашата кожа – се намалуваат знаците на стареење а кожата ќе биде поубава. 30 минути опуштање во инфрацрвена сауна може да согори до 900 калории.
Инфрацрвената сауна го одржува Вашето здравје. Користете ја инфрацрвената сауна секој ден за максимални здравствени бенефиции.

Исто толку време е потребно и да ги почувствувате предностите од оваа сауна за Вашето срце – тоа е еднакво на трчање 4 до 5 километри.

Инфра црвената сауна воедно е алтернативен избор за сите оние кои не уживаат во традиционалната Финска сауна, како и за оние кои не поднесуваат високи температури од здравствени причини. Инфрацрвената топлина директно го загрева телото, ги опушта мускулите и насобраната тензија и притоа врши длабинска детоксикација на организмот.Непосредно и брзо опуштање на мускулите и телото. Инфрацрвената топлина продира длабоко и овозможува темелно чистење на телото од токсини.Научно докажано намалување на крвниот притисок и подобрување на циркулацијата
Релаксација. Непосредно и брзо опуштање на мускулите и телото.

Финската сауна - тајната за долг и мирен живот

Се претпоставува дека сауната е измислена во Финска, иако Финците не милуваат така да кажат. За нив не е толку важно кој ја измислил првата сауна, колку што е важно кој го довел нејзиниот дизајн до перфекција. Во Финска речиси сите станови и куќи имаат сауна во нив – податок со кој не можат да се пофалат останатите скандинавски земји.

Сауната е посебна, специјално изолирана просторија која се загрева на температура од 70-100 степени Целзиусови, преку загревање на камења. Како агрегат за загревање можат да се искористат дрвото, што е најпосакуванo, струјата или гасот. Се користи како просторија за релаксирање во топлиот воздух, а периодично се долева вода врз камењата за да се добие топла пареа која ја стимулира циркулацијата и длабoко ја чисти кожата со отворање на порите.

* Ги релаксира мускулите и ја намалува болката во мускулите и зглобовите
При висока температура, телото лачи ендорфини кои имаат благ смирувачки ефект и способност да ја ублажат болката од артритис (и мускулната болка од интензивна физичка активност). Температурата на телото се зголемува предизвикувјќи крвните садови да се шират, а циркулацијата и лачењето на стимулативни состојки да се интензивира.
* Елиминирање на токсини (детоксикација)

* Ја чисти и затегнува кожата
* При потењето во сауна, континуирано се излива телесниот отпад и токсини, а тоа води кон одржување на виталноста, бојата и здравиот сјај на кожата.
* Индуцира длабок сон
* Ги подобрува кардиоваскуларните перфоманси
* Со редовна употреба на сауна, не само што ги вежбаме срцевите мускули и го подобруваме тактот на пулсот, туку истовремено позитивно влијаеме на регулаторниот систем.
* Согорува калории и топи целулит
* Со зголемување на срцевата активност се зголемува потребата од кислород и телото конвертира повеќе калории во енергија.
* Зајакнат имунитет, превенција и заштита од Болести
* При високи температури, телото лачи зголемен број на бели крвни зрнца, што помага при превенција од (и борба со) болестите и вирусите. Сауните го оневозможуваат затнувањето на синусите при настинки и алергии, особено во комбинација со пареа, која се добива при истурање на вода врз вулканските камења (во водата се додава еукалиптус/пеперминт или друга арома за дополнително уживање и прочистување на дишните патишта).
* Одлично чувство

Сауната навистина прави да “се чувствувате подобро”, да “изгледате подобро” и “да спиете подобро”.

Затоа посетете го салонот за убавина „Папилон“  и по најповолни цени уживајте во сауните. 

Закажување и прашања на тел 075 421 851 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK