Пет01182019

Последна промена02:27:41 PM

 

 
Back Вие сте на: Home Здравје Честички од загадениот воздух во плацентите на мајката

Честички од загадениот воздух во плацентите на мајката

Сподели

Научниците го пронашле првиот доказ дека честичките од загадениот воздух патуваат низ белите дробови на бремените жени и се сместуваат во плацентата.

Токсичниот воздух веќе е силно поврзан со штетата кај фетусите, но како е направена штетата, не се знае. Ново истражување што ги вклучило мајките во Лондон открило ситни честички во плацентата на секое бебе. Истражувачите велат дека е можно честичките да влезат во фетусите.

- Ова е загрижувачки проблем - постои масовна поврзаност меѓу загадувањето на воздухот што мајката го вдишува и фетусите. Затоа, идните мајки се советуваат да патуваат низ помалку загадени места - вели д-р Лиса Мијашита.

Серија претходни истражувања покажаа дека загадувањето на воздухот значително го зголемува ризикот од предвремено раѓање и ниска родилна тежина, што доведува до доживотно оштетување на здравјето. Големо истражување што опфатило повеќе од 500.000 породувања во Лондон ја потврди врската и ги наведе докторите да кажат дека импликациите за многу милиони жени во загадените градови низ светот се нешто што се приближува до јавна здравствена катастрофа. Научниците сè повеќе откриваат дека загадувањето на воздухот резултира со здравствени проблеми кои не се поврзани само со белите дробови.

Во август истражувањата откриле дека загадувањето на воздухот предизвикува огромно намалување на интелигенцијата, додека во 2016 година биле откриени токсични наночестички од загаденоста на воздухот кај мозокот на човекот, пишува Факултети.мк. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK