Пет02152019

Последна промена12:36:29 AM

 

 
Back Вие сте на: Home Здравје Ако пуштите ќе изгледате два пати постари!

Ако пуштите ќе изгледате два пати постари!

Сподели

 

Ако пуштите ќе изгледате и ќе се чуствувате два пати постари! 

Производителот на вештачка интелигенција „Инсилико медисин“ дизајнира нов тест за мерење на ефектите што цигарите ги имаат врз човековата биологија.

Користејќи модели за предвидување на возраста развиени од техниките за длабоко учење, истражувачите успеале да анализираат голем број биохемиски маркери.

На почетокот на студијата истражувачите направиле предвидувања. За да го направат истражувањето, им бил даден пристап до податоците од анонимни резултати од броење на клетки и анализи на крв на жители на Алберта, Канада. Имало вкупно 149.000 лични досиеја, пренесува Fakulteti.mk
За жените пушачи било предвидено дека се двапати постари од нивната реална хронолошка возраст за разлика од непушачите, додека за мажите пушачи било предвидено дека се еден и пол пат постари од нивната реална хронолошка возраст во споредба со непушачите. Резултатите сугерираат дека анализите со длабоко учење на рутинските тестови на крв може да бидат дополнение или да го заменат моменталниот метод на самопријавување на статусот на пушење, кој е склон на грешки, и може да се прошири и да го проценува влијанието на другите фактори од околината и начинот на живот врз стареењето.

Ова нека биде мотив плус веднаш да престанете со пушење. Зачувајте ја вашата младост и убавина! 

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK