Нед07212019

Последна промена10:58:49 AM

 

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Посна паштета од сончоглед и семки од тиква

Посна паштета од сончоглед и семки од тиква

Сподели

Пакувани семки од тиква и сончоглед, живи или потпечени може да се набават по маркетите.

Состојки:

3 лажици семки од сончоглед,

3 лажици семки од тиква,

1 лажица сусам,

1 мало лажиче сенф.

4-5 лажици ситно сецкани печурки (маринирани или свежи), ако се свежи претходно се ставаат во тавче на оган додека да пуштат вода, кога ќе испуштат вода оставете ги на огнот уште 2-3 минути дедека да омекнат.

Сол, црн бибер, вегета по вкус.

Сите семиња се печат во тавче посебно и потоа се соединуваат и се мелат во блендер или мелница за кафе. Доколку ги набавите печени и спакувани овој дел со печењето не важи, само се блендираат.

Во добиената смеса се додава постепено вода за да добиете смеса со густина на паштета.

Потоа се додаваат печурките и останатите состојки. Целата смеса се промешува дедека да се соединат сите состојки.


 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK