Тимот на „Д-р Баткоски“ на најголемиот светски стоматолошки саем во Келн
- Детали
- Објавено на Петок, 15 Март 2019 10:14
Тимот на Стоматолошката ординација „Доктор Баткоски“ од Охрид на IDS, најголемиот светски стоматолошки саем во Келн - Германија, заедно со менаџерскиот тим на Дитрон Дентал, Израел.
Ditron Dental - International е компанија која произведува висококвалитетна прецизна опрема за импланти и делови за истите. Доктор Баткоски докажан бренд во стоматологијата.
-_„Оваа соработка како заеднички тим продолжува и во иднина со што Стоматолошки Центар Др. Баткоски станува лидер во регионот за современа имплантологија и ја започнува нова ера на имплантологијата во Македонија !“, информираат од ординацијата.
Сите најважни водечки светски изложувачи од стоматолошката дејност во месец март на секои две години се среќаваат во Келн. Годинава се одржува 38 от саем за стоматологија.