Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Теодора, Бојан и Адријана, како деца го победиле ракот

Теодора, Бојан и Адријана, како деца го победиле ракот

Сподели

Како деца, Теодора, Бојан и Андријана го победиле ракот.

Тогаш ги споила болеста, а сега, како студенти и излекувани, уште повеќе ги зближила желбата да им помогнат на оние што денес се во слична ситуација – гладни за живот. Да им помогнат и тие да станат херои

Андријана, Бојан и Теодора денес се пример за надеж и сила. Пример како желбата за живот и поддршката од најблиските и лекарите помагаат да се победи непобедливото. Волонтираат во САНО, здружение на родители и пријатели на децата лекувани од рак и нивните семејства, кое отвори Родителската куќа наменета за сместување на родителите чии деца се пациенти и примаат терапија на детска онкологија.
А не така одамна биле дечиња болни од рак. Исплашени, и тие и родителите, со месеци живееле во болница, во исчекување, со измешани чувства. Но биле цврсти, силни, па дури и насмеани. Успеале да победат.


И денес победуваат кога им помагаат на дечињата болни од рак, со кои волонтерски се дружат на Клиниката за детски болести, а родителите во нив гледаат надеж. Сè е поинаку кога пред тие родители стои некој што им е доказ дека има живот и по ракот, дека нема откажување, велат Ангела, Бојан и Теодора.
Теодора Трајковска е 20-годишна скопјанка, студентка на Медицинскиот факултет. Учи за медицинска сестра. Преживеала канцер пред 10 години.

– Ја победив леукемијата и тоа ми е главната инспирација да им помагам на дечиња болни од рак. Се излекував со хемотерапија и радиотерапија. Сега волонтирам во САНО. Пред да дојдам во здружението бев повлечена, затворена, но сега тука имам стимул да ја раскажам мојата приказна – вели Теодора.

Андријана има 22 години и е студент на Економски факултет. На 12 години имала остеосаркома.

– Остеосаркома е рак на коска на лево колено. Во Македонија ги примав хемотерапиите, а операцијата беше во Шведска. Сега имам биолошка протеза. Траума е преживеаното, па затоа и јас, како и Теодора, бев многу затворена. Ни нудеа психолошка помош на клиниката, но не ја прифатив – вели Андријана.

Целата прекрасна мотивирачка приказна за овие деца херои прочитајте ја на Деца.мк.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK