Британец тврди дека го победил корона вирусот со виски
- Детали
- Објавено на Вторник, 04 Февруари 2020 09:12
Британец тврди дека го победил корона вирусот со виски и мед.
25-годишниот Британец, Конор Рид, наставник по англиски јазик од Велс, се заразил со смртоносниот коронавирус во Вухан пред од прилика пред два месеци, но тврди дека се излечил со варено виски со додаток од мед.
Рид, кој во Кина живее последниве три години, а во Вухан последниве 6 месеци, отишол во болница во Универзитетот во Централна Кина во тој град поради отежнато дишење и силна кашлица.
„Користев инхалатор кој ми ја ублажи кашлицата и пиев готвено виски со мед се додека го имав вирусот. Тоа е стар лек, но изгледа дека ја заврши својата работа. Не сакав да пијам антибиотици, кои ми ги препишуваа лекарите, затоа што не сакав да користам фармацевтски средства“, објаснил тој за британските медиуми.
Две недели откако бил пуштен од болница дознал дека бил заразен со корона вирус.
„Упорно ме прашуваа дали сакам место во авион за да ја напуштам земјата, а јас им велев дека не сакам, дека ќе останам. Јас сум жив доказ дека коронавирусот може да се победи“, додал тој.