Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Д-р Попоски, директор на Нефрологија Струга: Добро се справуваме со пандемијата

Д-р Попоски, директор на Нефрологија Струга: Добро се справуваме со пандемијата

Сподели

 Корона вирусот не ги одмина пациентите со бубрежни заболувања.

До јануари годинава 84 пациенти со бубрежни заболувања  од регионот заболеа од корона вирусот. Шестанесет од нив ја загубија битката, опасниот вирус  бележи 20% смртност кај овој тип на хронични пациенти. Сите пациенти лекарска грижа добиваа  во ковид одделението во Сецијализираната болница за нефрологија во Струга,  каде во моментов  се лекуваат две позитивни лица.  

Здравствените работници ја вложуваат  сета своја сила и енергија да спасат живот повеќе.

Пред неколку денови во добра здравствена состојба беше отпуштен  битолчанецот кој се врати од Занзибар, ковид позитивен со бубрежна слабост.

Директорот на болницата Александар Попоски ,  вели  добро се справуваат со  пандемијата.

- „Имаме посебна сала , изолирана за ковид позитивни пациенти со 10 дијализни апарати тоа се фактички 20 пациенти на дијализа во еден ден. Најмногу во ист момент сме имале околу 15 пациенти сега сме подобри,  но не смееме да се олабавуваме. Новите соеви на вирусот уште побрзо се шират и опасноста не демне сите“ , вели д-р Александар Попоски супспецијалист нефролог и директор на Специјализираната болница за нефрологија Струга.

Обиччно пациентите со бубрежни заболувања  развиваат тешка клиничка слика   и  повеќето се на кислородна поддршка. Во болницата месечно има околу  500 прегледи.

„И во пандемија, болницата е максимално оптеретена.  Рентгенот ни е доста оптеретен,  значи рентгенграфија на бели дробови  постојано секојдневно доаѓаат голем број на пациенти. Лабараториски ги имаме сите можни анализи  за дијагностика на Ковид 19,  покрај  брисот кој се прави задолжително. Ниеден пациент што имал потреба за лекување во оваа болница  не е вратен“, додава Попоски.

Болницата опслужува 150 000 пациенти од целиот регион, редовно  110 лица на хемодијализа со најсовремени апарати. Има и „холидеј дијализа“ апартмани на брегот на Охридското езеро каде во лето се лекуваат повратниците од странство.

- „Покрај езеро имаме холидеј дијализа која со исклучок на пандемијата секоја година ни доаѓаат пациенти од странство обично гастербајтери, кои тука прават дијализа. Ги имаме сите услови. Генерално сум задоволен од условите што ги имаме како здравствена установа, а верувајте задоволни се и пациентите“, додава д-р  Попоски.

Струшката нефрологија има доволно стручен персонал и медицинска опрема. Во болницата деновиве пристугнуваат   нов дигитален рентген апарат и  апарат за молекуларна дијагностика за брзо дијагностицирање на вирусни и бактериски заболувања.

-„За само еден час ќе може да утврдиме за која бактерија или вирусна инфекција станува збор. Тоа ќе биде особено добро за сите пациенти во регионот,   тоа е еден од ретките апарати во земјава и дијагностички ќе бидеме доста попрецизни, побрзи и многу подобри апаратот ќе биде дел од микробиолошкаа лабараторија“, информира Попоски.

Единствениот предизвик на болницата е набавка на ново амбулатно возило и воведување   трансплантација на бубрези.

-Еден предизвик за нас е забрзување на процесот на трансплантација имаме услови,  имаме две операциони сали, одделение за урологија, крвни пистапи. Технички не би требало да е голем проблем, можеби следењето е проблем, меѓутоа  имаме колеги со големо искуство тоа треба да го направиме натаму со дополнителна едукација. И  се надеваме дека ќе започнеме со бубрежни биопсии тоа ќе го направиме годинава,  анализите ке ги праќаме во Институт за патологија Скопје и комплетно ќе ја имаме дијагностиката“, вели Попоски.

Најстариот ппациент во болницата има 55 години, а на хемодијлиза е цели 36 години, за среќа нема деца на апарати за бубрежна поддршка.

Специјализираната болница за нефрологија постои 42 години, минатата година се закити со сертификат за најуспешна болница во земјава.

  Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

ВИДЕО: 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK