Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Дијана Бебекоска главна сестра во Здравствен дом Вевчани: Најголема радост е насмевката на оздравените пациенти!

Дијана Бебекоска главна сестра во Здравствен дом Вевчани: Најголема радост е насмевката на оздравените пациенти!

Сподели

Дијана Бебекоска главна сестра во Здравствен дом Вевчани: САМО СО ТИМСКА РАБОТА ЌЕ СЕ СПРАВИМЕ СО ОПАСНИОТ ВИРУС !

Една година борба со таинствениот непријател на здравјето и животот на луѓето – вирусот ковид-19 со секавична брзина го измени целокупното функционирање на здравствените работници, ги помести границите на нивната издржливост.

Во очајната борба за спас на секој човечки живот ништо не е повеќе исто, се работи деноноќно со целосна заштитна опрема, под маски и скафандери. Новите мутации постојано го ставаат на тест нивното макотрпно вложување да се победи одново и одново. Има денови кои поминуваат буквално во борба со опасниот ковид.
Дијана Бебекоска, главната сестра во Здравствен дом Вевчани вели дека изминала тешка година за здравствените работници на кои единствена радост им се насмевките на оздравените пациенти.

-„После една година борба со вирусот се навикнавме не е лесно, страда приватниот живот, страда онаа социјализација на која бевме навикнати. Добивме еден рутински живот, работа-дома, стрес и страв’, вели Бебекоска.

Според неа состојбата не ветува многу дека за брзо време животот ќе се врати во нормала иако тоа е нивниот најголем сон, нивната најголема желба. Се помлади пациенти со се потешка клиничка слика кои се борат за живот.

-„Борбата со опасниот вирус за сите нас е една новонастаната ситуација. Работа во посебни услови за сите здравствени работници стана секојдневие. Макотрпната работа и искуството кое го добивме изминатиов период покажа дека соодветно одговоривме на тој предизвик. Иако влеговме без искуство во оваа борба постојано се едуциравме почнувајќи од правилно облекување и соблекување на заштитната опрема и сите тие протоколи за заштита“, вели Бебекоска.


Таа додава дека оваа борба преставува една синхронизирана акција на сите вработени во здравствените установи, почнувајќи од итната медицинска помош, сите амбуланти, интернистичката амбуланта, рентген, лабараторија, помошно-техничкиот персонал, биохемиската лабараторија. „Тоа е еден синхронизиран процес една тимска работа која е неопходна за успешно справување со опасниот вирус“.

-„Секојдневието преставува една борба со сите протоколи кои треба да се почитуваат и мислам дека ние како здравствена установа соодветно одговоривме на сите тие предизвици но сеуште има простор за едуцирање и спремни сме да одговориме на секој нов наплив на нов бран на пациенти“, додава Бебекоска.

Ниту здравствениот персонал не остана имун на ова најголемо зло. Голем дел од вработените во Здравствен дом Вевчани заболеа од коронавирусот. Меѓу нив и Бебекоска која за жал не успеа да го заштити ниту своето семејство.

-„Болеста не беше пријатно искуство. Ги поминав сите оние фази кои што следеа, една макотрпна борба и на никој не му посакувам да помине низ тоа. Тешко беше, примав терапија во домашни услови и во Дневната болница кај нас каде моментално има десетина пациенти. И моето семество беше изложено на вирусот. Сите бевме позитивни на ковид-19, некои со полесни симптоми ете за жал јас поминав многу потешко. Имав големи мускулни болки, главоболки, чудна и различна од онаа карактеристична болка, единствен симптом кој не го добив беше висока температура и наод на бели дробови“, раскажува сестра Бебекоска.

На целата територија која ја покрива здравствената установа досега потврдени позитивни пациенти биле околу 2500 . Новиот бран ги наполни болничките кревети со помлади пациенти од 20 до 40 години. Моментално активни се триесеттина  пациенти.

 Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK