Пон04122021

Последна промена09:32:47 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Д-р Арсим Далипи од Нефрологија Струга: Вирусот е непредвидлив и опасен

Д-р Арсим Далипи од Нефрологија Струга: Вирусот е непредвидлив и опасен

Сподели

Доктор Арсим Далипи специјалист уролог, раководител на Одделот за васкуларни пристапи: Секој момент е неизвесен, вирусот е опасен и непредвидлив.

Во борбата против коронавирусот, Специјализираната болница за нефрологија- Струга води битки со коронавирусот но и со бубрежните заболувања на бројни пациенти од целиот регион.

Пред една година ковид-19 вирусот беше непознат и страшен, денес кога се знае многу повеќе, за лекарите е секојдневна битка во која тие се вистинските херои.

Доктор Арсим Далипи специјалист уролог, раководител на Одделот за васкуларни пристапи за хемодијализа, вели дека не смеат да се предадат, битката сеуште трае бидејќи пандемијата не е завршена. Во болницата секојдневно се третираат пациенти со ковид-19. „Исцрпени сме но и натаму подготвени“, вели доктор Далипи кој и после дежурството со насмевка на лицето раскажа дека  поминала уште една мирна ноќ.

„Не е лесно да се работи во ковид-услови но нашата дејност пред се е хумана. Секој еден живот е вреден и со огромно задоволство го работиме она за што сме дале заклетва. Не ни е пречка ниту заморот ниту долгите часови поминати на работа, ниту останувањето и после работа. Тоа најдобро го знаат нашите пациенти, тие навистина ја ценат нашата посветеност“, вели доктор Далипи.

После една тешка година во која се води битка со непознат вирус секој момент е неизвесен а секој спасен живот радост за целиот медицински тим на струшката болница.

„Секогаш сме тука за пациентите и оние од ковид кои се на посебно одделение и оние со хемодијализно лекување. Работиме со посебни протоколи, има пациенти кои се во изолација која  многу тешко ја прифаќаат болните. Ние сме единствените со кои се во контакт и мора да сме позитивни и ведри за да им дадеме сила да го пребродат овој тежок период од нивниот живот“, вели доктор Далипи.

Според него најново непријатно изненадување кај лекарите е се помладата популација заболена од коронавирусот, наглото покачување на вредностите на д-димери нешто што на почетокот на пандемијата не се случувало.

„Се случува пациентот да нема тешка клиничка слика но лабараториските наоди да покажат покачени вредности и тоа е аларм дека треба брзо да се реагира бидејќи најчесто доаѓа до акутни компликации, за жал некогаш и со смтрен исход“, вели Далипи.

На почетокот на пандемијата според препораките на Министерството за здравство намален бил бројот на оперативните зафати на пациентите со уролошки проблеми, се работеле само итните интервенции но крвните пристапи е постапка која не трпи одлагање. Пациент на хемодијализно лекување мора да има васкуларен функционален пристап за да може да изврши хемодијализа. Крвниот пристап за нив е живот, објаснува Далипи.

Единствено на Клиниката за Нефрологија во Скопје и во Специјализираната струшка болница има оддел за васкуларни пристапи. Тука доаѓаат пациенти од цела држава но и од Косово, Албанија и Србија.

„Во овој дел имаме зголемување на бројките. Годишно правиме над 100 артериовенски фистули, траен пристап за хемодијализа, а другите привремени пристапи, централни венски катетери правиме и до 500“, дадава Далипи.

И покрај тоа што постојано е со пациенти заболени од ковид-19, Далипи успеал да се заштити од зараза. Вели, почитувањето на мерките и заштитната опрема во корона-невреме се клучни да се сочува здравјето. Неговите колеги кои заболеле за среќа имале полесни симптоми.

„Се измени и нормалното функционирање дома, секое влегување најпрво се дезинфицираш, имаше денови на почетокот држевме дистанца или воопшто не ги гледав за да не им пренесам вирус, се изолирав во посебна просторија. Подоцна некако се навикнавме и сега ги прифаќаме нормално работите, се прилагодивме на овој начин на живот. Што се однесува до посетите на блиски роднини сеуште внимаваме тоа да не го правиме често“, вели Далипи и додава дека луѓето стануваат се посвесни и поодговорни за ситуацијата но нивото кое треба да се има во една вака тешка здравствена состојба не е постигнато.

“Вирусот постои, тој е ризичен и непредвидлив“, вели тој.

  Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

Видео: 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK