Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје М-р Лидија Клашниновска од Нефрологија Струга: Да бидеме претпазливи, секој живот е скапоцен !

М-р Лидија Клашниновска од Нефрологија Струга: Да бидеме претпазливи, секој живот е скапоцен !

Сподели

Имунолошката и хематолошко биохемиската лабараторијата  во Специјализираната болница за нефрологија Струга работат со полна пареа.

Во време на пандемија се бележи пораст на  бројот на анализи.

Од самиот старт на пандемијата здравствените работници, кои се на  браникот на болеста се соочија со безброј предизвици.

-„Светот се соочи со најголемото зло наречено корона вирус . Милиони луѓе заболеа, милиони за жал починаа. Вирусот е многу опасен  затоа што постојано мутира и последната мутација  наречена британски сој предизвика нов трет бран на заболени а тоа е навистина големо оптоварување за здравството“ , вели  Лидија Клашниновска  магистер специјалист по медицинска биохемија.

-„Ние како лабараторија  со самиот почеток на пандемијата се соочивме со низа предизвици.  Првенствено како да ги одвоиме ковид позитивните пациенти од останатите за да ги заштитиме. Втор проблем  беше  да обезбедиме протокол за  безбендост и на ппациентите и на   здравствениот персонал“ , додава Клашниновска.

Анализи се прават  од 08  до 11 часот, но ниеден пациент кој има потреба не е вратен, велат од болницата.

-Доаѓаат пациенти од Струга, струшко, Дебар, Кичево, Ресен, Охрид, Македонски  Брод дури имаме пациенти и од соседна Албанија. Сите оние кои се позитивни на ковид се прегледуваат во друга засебна просторија  во делот на Инфективната амбуланта. Искуството покажа дека голем дел од пациентите не ни знаат дека се носители на корона вирусот. Од тие причини ние сме особено претпазливи и се однесуваме како секој пациент да е заболен  и земањето за биолошкиот материјал се врши со носење на комплетна заштитна опрема потребна при работа со заразни болести“, раскажува Клашниноска.

Корона вирусот потполно им ја промени работната атмосфера на здравствените работници. Заради внимателност  тие постојано се со заштитна опрема.  

„Носиме маски, капи, скафандер, каљачи, визири. Тешко  е да се работи во скафандер, зошто  движењата се ограничени,интензивно се потиш, а  визирот се магли од самото дишење. Во такви вонредни услови навистина  е тешко да се работи, меѓутоа мораме да издржиме“, додава  раководителката на лабараторијата во струшката Нефрологија.

Секојдневно изложени на ризикот, грижејќи за здравјето на пациентите   стравуваат  и за сопственото здравје , но и за   нивните семејства.  Велат ја избрале оваа хумана професија  и ќе истраат во битката со вирусот.

-Сите ние се плашиме од вирусот.Човечки е да се плашиме. Заморот си го направи своето. Од нашиот персонал имавме шест заболени лица со корона вирусот. Дел од персоналот во повеќе наврати одеше во изолација заради контакт со позитивни пациенти  и беше тешко,  работевме со недостаток на персонал“, додава Клашниновска.

Мртва трка , од една страна недостиг на медицински  персонал  од друга страна зголемен број на пациенти,   тоа е една битка нерамна, велат здравственте работници кои повеќе од една година се најпогодени во пандемијата. Но и покрај се` во лабараториите во струшката нефрологија  месечно се вршат околу 30 000 анализи.

-„И покрај се можам да заклучам дека успешно се справивме,  ја извршивме нашата задача. Месечно имаме околу 1000 амбуланткси пациенти кои доаѓаат од надвор и околу 400 одделенски пациенти на кои им одредуваме тестови. За нашите пациенти работиме 24 часа,  вршиме анализи  и за таа цел имаме дежурства, приправност . Се работи и во сабота. Просечно месечно работиме околу 30 илјади анализи“,  вели Клашниновска.

И двете лабаратории располагаат со најсовремена апаратура. Се одредува  крвна слика, ЦРП, дедимери, вирусни маркети на хепатити, тироидни хорови, Хив вирус, инфективни заболувања и уште ред  други  анализи.

„Нашиот прв директор д-р Стојан Ковачески , кој е и основач на самата болница многу вложи  во лабараторијата. Неговоот мото беше со слушалка бубрегот не може да се слушне, мора да имаме силна лабараторја која со анализи ќе докажи бубрежно заболување. Можам да потврдам дека и  денешниот директор Александар Попоски како и неговите претходници вложуваат во медицинска апаратура за поквалитетна услуга  за пациентите“, вели раководителката на лабараторија.

„Иако сме во ек на третиот бран на пандемијата ниту еден пацинет не смее да биде  заборавен, бидејќи секој живот е скапоцен! “, потенцира Клашновска.

Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

Видео: 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK