Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Наташа Богоеска од Здравствен дом Вевчани: Кога ќе видам позитивен тест на Ковид ме обвива тага

Наташа Богоеска од Здравствен дом Вевчани: Кога ќе видам позитивен тест на Ковид ме обвива тага

Сподели

Наташа Богоеска, специјалист по медицинска биохемија во Здравствен дом Вевчани: Измина една тешка година мора сите да бидеме одговорни!

 Целиот медицински персонал во Здравствениот дом во Вевчани веќе година е влкучен во борбата со ковид-пандемијата. Секој ден работат на прв фронт со ковид пацинетите, спасуваат животи,  но и се изложуваат на ризик по сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

Нивната улога во справувањето со пандемијата е клучна, а борбата со вирусот и понатаму продолжува. Време за одмор нема, чуствуваат премореност бидејќи епидемијата трае многу долго, но желбата да се победи ова зло не ги напушта.

Наташа Богоеска, специјалист по медицинска биохемија, работи веќе 30 години во Здравствен дом Вевчани. Моментално е раководител на Лабараторија. Вели, ја поминав најтешката година како здравствен професионалец, состојбата е многу сериозна, вирусот е опасен и мора да бидеме сите одговорни.

„Оваа година беше најтешката која ја паметам досега во мојата работна кариера. Навистина се соочивме со еден невидлив непријател кој на сите нас ни одзеде се она на што бевме навикнати, ни го одзеде секојдневието, дружбите, блискоста. Нам како здравствени работници ни создаде еден неверојатен товар, обврска, должност со која мораме да се носиме секојдневно“, вели Богоеска и додава дека е тешко да се издржи постојано со заштита, со маска, да не се  вдишува кислородТоа, според неа, создава дополнителен проблем.

Богоеска вели дека Здравствен дом-Вевчани и во време на пандемија работи со полн капацитет.

„Воопшто не застанавме со работа иако се соочувавме и со кадровски проблеми, дел од нашите вработени заболеа со вирусот. Постојано бевме на линија на должноста. Во оваа година на пандемија поминаа 10 000 пациенти низ нашава болница од кои 90 проценти беа заболени со ковид-19“, додава таа.

„Вирусот го прележав во ноември, кога беше најголемиот пик на заразата. Навистина беше тешко. И денес кога ќе дојдат пациенти кои се дијагностицирани и кога ќе видам позитивен резултат на тестот ми е жал за тие луѓе затоа што знам од лично искуство низ што поминав јас. Тоа е здравствено исцрпување, голема мака, исто така и финансиски те исцрпува оваа болест. Примав инфузии во Здравствениот дом, имав воспалителни процеси на белите дробови, лоша лабараториска слика. Во исто време заболевме сите дома и јас и сопругот и двете ќерки“, раскажува Богоеска и додава:

„Ве плаши неизвесноста којашто ја чуствувате во секој момент, што ќе биде следниот миг. Се чуствуваш добро и за кратко време наеднаш состојбата се влошува. Немаш сила да појдеш од соба во соба, нозете се кинат, страшно голем замор, исцрпеност, неспособност да направиш нешто. Дополнително кога и резултатите од лабараторија не ти се добри стравуваш за секој следен момент. Не знаеш што може да донесе секое наредно утре“.

Според Богоеска од оваа тешка состојба може да се излезе само доколку се однесуваме одговорно и ги почитуваме мерките за заштита. Со држење дистанца, негрупирање и носење заштитна маска луѓето ќе им помогнат на здравствените работници да се изборат со вирусот.  Следува масовна имунизација на населението, вели таа, со што конечно ќе се стави крај на оваа досега најголема здравствена криза. 

„ Моментите во кои живееме сега се тешки и затоа мора сите да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките, да се воздржуваме од она на што досега бевме навикнати, што ни беше секојдневие пред да ни се случи оваа страшна пандемија. Мора пред се да се чуваме себеси а со тоа и другите околу нас“, порачува Богоеска.

 Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

ВИДЕО: 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK