Пон04122021

Последна промена09:39:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Д-р Ирена Ѓонеска од Нефрологија Струга: Застрашувачка е сликата на бронхопневмонија, која се развива за неколку часа

Д-р Ирена Ѓонеска од Нефрологија Струга: Застрашувачка е сликата на бронхопневмонија, која се развива за неколку часа

Сподели

Д-р Ирена Ѓонеска-Пантек, специјалист радиолог во Специјализираната болница за нефрологија-Струга: Застрашувачка е сликата која се развива на бронхопневмонија за неколку часови...

 

Специјализираната болница за нефрологија-Струга како врвна здравствена установа успешно се бори со предизвиците кои што ги донесе пандемијата на вирусот ковид-19 благодарение на стручниот тим и современата медицинска опрема. Пациентите тука, и во ковид-состојба, ја добиваат  најдобрата медицинска здравствена нега.

Д-р Ирена Ѓонеска-Пантек, специјалист радиолог, вели дека изминала тешка година но што не очекува сеуште не знаеме. Работи без ниту еден ден одмор, но како што вели, борбата е долга и сите мора да дадеме свој допринос.Пред година дена ова за здравствените работници беше нова непозната реалност, денес е тешко секојдневие кое треба да се издржи.

„Зголемен е бројот на дијагностицирање на воспалителни процеси особено на белите дробови. Ние работиме класична радиологија и во овој период имаме зголемен број на пациенти. Се примааат сите пациенти, се трудиме навремено да ги дијагностицираме, да ги третираме, тоа е навистина битно бидејќи самиот воспалителен процес дава брза прогресија. Потребни се понекогаш и чести контроли. Работиме напорно за да дадеме наш максимум за пациентите да ја добијат потребната здравствена заштита“, вели д-р Ѓонеска-Пантек.

Со новиот бран на коронавирусот, според доктор Ѓонеска- Пантек, се поголем е бројот на помлади лица кои доаѓаат на струшка дијализа за да направат испитувања.

„Голем е бројот на воспалителни процеси на белите дробови кај помлади особи од 30 до 40 години. Се забележува дека тоа е позачестено, особено последниов месец, но не е исклучена и тековната проблематика кај повозрасните особи“, вели таа.

Прогресијата е многу брза, зависи и од самиот организам но и од вирулентноста на вирусот. Може за само неколку часови да имаме драстично променети слики на белите дробови, објаснува д-р Ѓонеска-Пентек и додава дека има случаи каде и без воспаление на белите дробови за ден-два може да се развие воспаление на двете белодробни крила. Токму затоа, вели таа, потребно е брзо дијагностицирање и брз третман бидејќи и неколку часа се многу битни.

Нејзиниот татко, кој исто така е лекар, бил заболен од ковид-19 со тешка клиничка слика и воспаление на белите дробови. „Застрашувачка е сликата која се развива на бронхопневмонија за неколку часови“

Како единствен радио-дијагностичар во установата д-р Ѓонеска-Пентек успеала да се заштити од вирусот а по примањето на вакцината се чуствува сигурна и охрабрена да продолжи со работното ангажирање затоа што прегледите на пациентите тука се прават без дистанца.

„При снимањето невозможно е да се одржува дистанца со пациентите. Постојано сме во близок контакт. Само еден од техничкиот персонал беше за жал заразен но помина добро. Успеваме да се заштитиме, после секој пациент се дезинфицира и тоа создава дополнителен напор бидејќи гледаме да не се создава премногу чекање и гужва за пациентите за да не се заразат. Секако имаме и грижа на совест за своите дома за недај боже им го однесеме вирусот дома. Но после година дена ни стана навика, успеавме да се заштитиме и сега со вакцините многу ќе ни се олесни работата“, вели д-р Ѓоноска.  

Да се биде лекар во ковид-состојба не е лесно вели Ѓоноска, но е горда на професијата со која успева да им помогне на многу пациенти во овие тешки денови. Се надева дека за брзо ќе заврши оваа здравствена криза и сите ние ќе се вратиме на нормалното секојдневие.

Во Специјализираната болница за нефрологија-Струга дневно се прават и до 30 радиографии на бели дробови и срце Најмладиот пациент со воспаление на белите дробови минатата година имал 25 години.

 Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK