Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Доктор Пешиноски од Здравствен дом Вевчани: Вирусот е чудовиште, не бира ниту возраст, ниту пол

Доктор Пешиноски од Здравствен дом Вевчани: Вирусот е чудовиште, не бира ниту возраст, ниту пол

Сподели

Доктор Боро Пешиноски, кардиолог од Здравствен дом Вевчани: Вирусот е чудовиште, не бира ниту возраст ниту пол. 

Секојдневно коси . Ни стана рутина, да гледаме бројки на заболени и починати , но тоа се личности, тоа се луѓе,  нечии браќа и сестри, родители, нечии деца.

Бројките на новозаболени во земјава не спласнуваат. Секојдневно над илјада нови случаи. Здравствените работници изморени  и физички и психички. Во Здравствениот дом во Вевчани само на интерното одделение дневно има по триесеттина пациенти.

-„Напорно е и физички и психички, постојано сме со две маски, визири внимаваме на личната безбедност  а  постојано сме во контакт со ковид позитивни. Работниот ден е напорен, многу е зголемен бројот на пациенти  во просек имаме по 30 прегледи на ден тоа се амбулантски прегледи, дополнително ехо, стрес тест“д-р Боро Пешиноски специјалист кардиолог.

Најчеста патологија се  ковид позитивни пациенти.

- „Од овие прегледи најчеста патологија се пациенти позитивни на ковид  или суспектни пациенти со симптоми. Ги лекуваме амбулантснки или во нашата дневна болница, каде им се дава инфузиона терапија  или преку службата за домашно лекување. Постојано ги следиме им се мери сатурација . Кога паѓа сатурација веднаш ги испраќаме на интерното одделение во Струга кое е реигионален ковид центар“,  вели  Пешиноски. 

Доктор Пешиноски доживеал  голема семејна трагедија, корона  вирусот му ги одзеде двајцата родители.

„Татко ми имаше 67 години, мајка ми 64 и двајцата ја загубија битката со вирусот. Беа повозрасни но беа здрави луѓе. Примаа терапија прво овде во Зравствениот дом во Вевчани, но им се влоши состојбата. И двајцата починаа на Интерното одделение во Струга. Таа трагедија не снајде во декември во третиот бран на вирусот. Тоа е немоќен си едноставно. Јас велам ова не е вирус , ова е чудовиште“, вели кардиологот Пешиноски.

„ Млади луѓе имаме по триесеттина години кои што се добри и преќу ноќ им се влошува состојбата завршуваат во Струга па Скопје. Имавме двајца млади од регионот, кои се борат на инфективната клиника во Скоје, во тешка здравствена состојба.  Многу тешко време не затекна  кое не оптеретува сите“,  додава Пешиноски.

Пешиноски иако секојдневно е со ковид позитивни пациенти, успеал да се заштити, не го прележал вирусот.

„За среќа немам прележано  ковид, вакцинирам сум веќе со две дози  на вакцина“, вели докторот.

Го растажува тоа  што  е немоќен да ги спаси пациентите со тешка клиничка слика.

-„Најмногу ме погодува тоа што сум  немоќен. Даваме максимум, се вложуваме, помагаме со терапија , но некогаш нема никаков ефект. Згаснуваат животи. Се уште нема каузална терапија. Излезот е единствено во  вакцинацијата само тоа ќе биде спасот и мора да се забрза тој процес во земјава“, вели Пешиноски.

Повеќе од една година мртва трка со вирусот. Медицинскиот персонал преморен на браникот на панедмијата, но не се предаваат. Не се предава ниту вирусот ,  тој напаѓа со сета сила.

„Многу ме растажува  кога се влошува состојбата особено кај помлади пациенти. Не ни е сеедно,  некои завршуваат на инфективните клиники во Скопје или во приватните болници. Се борат за живот. Се борат за воздух , ние се бориме да им помогнеме , тоа многу  не оптеретува психички“, вели д-р Пешиноски.

Сите ковид центри се преполни овој  бран е најтежок досега. Ние ако не ги згрижиме ќе нема каде да одат овие пациенти, вели кардилогот  од Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани.

 Денес се одбележува  Светскиот ден на здравјето,за жал по втор пат во светска пандемија.

Сонот на сите здравствен работници е што поскоро човештвото да ја слави победата над вирусот.

 Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK