Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Д-р Битраковски: Граѓаните треба да се мотивираат за да се зголеми интересот за вакцинација

Д-р Битраковски: Граѓаните треба да се мотивираат за да се зголеми интересот за вакцинација

Сподели

Доктор Зоран Битраковски-субспецијалист пластичен хирург во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија"Св.Еразмо"  - Охрид: Граѓаните треба да се мотивираат за да се зголеми интересот за вакцинација.

 „Граѓаните треба да се вакцинираат доколку сакаме повторно да се вратиме во нормалниот живот. Вакцините се безбедни. Опасноста да заболете од ковид-19 е многу поголема отколку некои ретки несакани последици од вакцината. Не можам да разберам луѓе кои се против вакцината. Разни кампањи вртат по социјалните мрежи но тоа се далеку од стручни информации“ ова е пораката на доктор Зоран Битраковски-субспецијалист пластичен хирург во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија"Св.Еразмо"  - Охрид. 

Битракоски уверува дека со голем интерес кај граѓаните, масовната имунизација ќе стави крај на пандемиата до крај на оваа година.

„Сметам дека луѓето треба да се мотивираат можеби со одредени бенефиции, бесплатен влез за концерти, попусти за јавен превоз и слично што верувам дека позитивно ќе влијае кај населението. Засега самата пропаганда од здравствените работници е недоволна за да се убеди населението дека треба да се вакцинира. Радува тоа што некако бројот на пријавени за вакцинирање на официјалниот сајт полека се зголемува Тоа за нас е единствениот излез. Не постои друг начин да се справиме со ситуацијава“, вели Битраковски кој се вакцинирал меѓу првите иако го прележал вирусот, бил позитивен но за среќа без некои посебни симптоми.

Како здравствен работник Битраковски вели дека после година и пол се чуствуваат последиците кои ги оства коронавирусот посебно кај пациентите кои за разлика од порано чуствуваат страв кога доаѓаат на преглед или контрола. Исто така и кај здравствените работници сменето е работното секојдневие, се работи со голема претпазливост и со постојана заштита за да останат здрави.

 

 

„Многу често доаѓаат пациенти заболени од ковид-19, дел знаеле а дел можеби и не. Во неколку наврати пациенти кои претходно здрави се дојдени кај мене на преглед на денот на операцијата испаднаа позитивни. Доколку е итен и неодложен се оперира. Нормално целиот медицински тим носи заштитна опрема и веројатноста да се зарази е многу мала. Доколку пак не е итен операцијата се одлага додека пациентот не оздрави од коронавирусот. Лично не чуствувам страв од самата корона, заштитата е голема доколку се почитуваат протоколите за заштита“ вели доктор Битраковски.

Во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија"Св.Еразмо"  - Охрид во делот на пластичната-реконструктивна хирургија најчесто се прават зафати поради карциноми на кожа, изгореници, тумори, разни повреди на шака, на прсти, на тетиви, глава, лице...

„Има голем број на оперативни зафати кои сум ги направил и на кои сум горд, посебно операцијата после која шака од пациент повторно беше во функција, потоа операција на нерв што исто така е тешка сензитивна работа за да се врати во функција“, вели Битраковски.

 

Естетската хирургија, иако е се повеќе е распростаранета, посебно кај помладите, тука во болницата „Св Еразмо“ е многу малку застапена со корекција на уво, отстранување тетоважа и слично.

„Интересот е многу мал, можеби затоа што Охрид и Струга се мали средини, конзервативни и секој кој сакат некаква естетика оди на оперативен зафат на друго место каде никој не го познава. Повеќето Скопје но и надвор од државата“, вели Битраковски.

Битракоски е единствениот лекар-пластичен хирург во оваа регионална здравствена установа. На неколку години пред пензија нема кој да го замени бидејќи нема младите лекари кои се на специјализација за пластична-реконтруктивна хирургија.

„Би сакал некој млад лекар-хирург да ја наследи реконструктивнава хирургија. Оваа болница е регионална и мора да има специјалист-пластичен хирург“, вели тој.

  Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK