Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Ајлин Мусли правник: За успешно функционирање на една здравствена установа, покрај квалитетен медицински персонал, потребна е и професионална администрација

Ајлин Мусли правник: За успешно функционирање на една здравствена установа, покрај квалитетен медицински персонал, потребна е и професионална администрација

Сподели

За успешно функционирање на една здравствена установа, покрај квалитетен медицински персонал, потребна е и професионална администрација. 

Пандемијата од корен го измести нормалното живеење. Први на браникот беа и се уште се здравствените работници, но не само медицинските лица, лекари, сестри, болничари, туку и целиот технички персонал хигиеничари, шофери и целата администрација во здравствените установи. 

Интервју со Ајлин Мусли, правник во Специјалната блница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид. 

Нема достапен опис

Охриднет: Што е она што Ве исполнува на професионален план ?

Ајлин Мусли: На сите вработени во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија„ Св. Еразмо“ Охрид, примарна цел и должност ни е здравјето на пациентите. Мене како правник ,Заштита на правата на пациентите и заштита на правата на вработените како и Применувањето на позитивните законски прописи од правен аспект во областа на здравството за мене е предизвик кој ме исполнува и ми дава позитивна енергија. Континуираното усовршување на професионален план , Упорноста, неоткажувањето се клучен елемент за секој млад човек кој се стреми да биде успешен како во својата кариера така и за институцијата во која е вработен.

Охриднет: Колку работните обврски Ви се зголемија во време на пандемијата ?

Ајлин Мусли: Несомнено дека во овој пандемски период , здравствениот систем го има најголемиот товар , заедно со сите вработени во здравството од хигиеничар до директор во сите болнички институции работните обврски се зголемија повеќекратно. Административната работа иако во зголемен обем , во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ Охрид , се врши континуирано и навремено , а пред се кавлитено и професионално . Општо познато е дека ефикасноста во една здравствена установа покрај стручноста на здравствениот персонал се должи и на ефикасна и професионална администрација.

Охриднет: Што значи да се биде  правник во една ваква голема здравствена установа ?

Ајлин Мусли: За значењето и стручноста на болницата „Св Еразмо“ Охрид во државата и пошироко нема потреба да се зборува,тоа најдобро го кажуваат задоволните пациенти. Преземањето на работната задача ,Правник во оваа установа значи преземање на голема одговорност пред стотици вработени и пред илјадници пациенти. Големите одговорности носат големи „тежини”, но секоја од нив ја гледам како искуство ,а не како пречка во мојата професионална трка.

Охриднет: Постојано ги следите законските измени во здравството, посебно во вакви ковид услови, за да може пациентите да си ги остварат своите права. Kакви точно измени настанаа изминатава година ?

Ајлин Мусли: Законот за заштита на населението од заразни болести го обврзува секој лекар „да ги запознае пациентите со превентивните мерки за заштита од заразни болести, значењето на вакцинациите и другите мерки на заштита“ Во Законот за заштита на правата на пациентите е содржана посебна глава за заштита на правата на пациентите според која наустановата е обврска да се грижи за заштита на правата на пациентите и да дава правни совети и правна помош на пациентите во однос на остварувањето и заштитата на нивните права .

Охриднет: Како правник го координирате и целокупниот протокол за заштита од ковид-19. Што подразбира тоа во функционирањето на оваа здравствена установа ?

Ајлин Мусли: Високата лекарска стручност ,дисцпилината , работењето согласно законски прописи и протоколи, во борбата за здравјето на секој пациент и лекувањето и спасувањето на секој загрозен живот е наша примарна и единствена цел секогаш, па и во овие услови предизвикани од пандемијата Ковид -19.

Охриднет: Дали прележавте корона?

Ајлин Мусли: За среќа не заболев од болеста, немав ни блиски во семејството кои беа болни. Но во оваа измината година на пандемија сите ја почувствувавме опасноста од оваа болест. Таа се одрази на целокупното живеење, од корен го измени животот на сите. Најтешко беше за задравствените работници, кои лекувајќи ги пациентите беа први на браникот со пандемијата, но ќе повторам тежината ја почувствуваме сите. На работа постојано, по осум часа со запштитни маски, дезинфекциони средства , правиме се да го заштитиме нашето и колективното здравје. 

 

Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK