Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Анета Јовческа главна сестра во операциона сала во „Св Еразмо“: Безбедноста кај нас е на највисоко ниво

Анета Јовческа главна сестра во операциона сала во „Св Еразмо“: Безбедноста кај нас е на највисоко ниво

Сподели

Анета Јовческа главна сестра во операциона сала во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид: Безбедноста кај нас е на највисоко ниво!

 

Повеќе од една година во услови на ковид пандемија медицинските работници поминуваат исцрпувачка голгота. Секој ден е борба за здравјето на пациентите, но и заштита за своето бидејќи вирусот е лесно пренослив и опасен.

Анета Јовческа, главна сестра во операциона сала во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид вели, да се работи во ковид-услови е навистина тешко.

Безбедноста на персоналот е на највисоко ниво. Во текот на денот неколку пати се мери температура и се почитуваат сите здравствени протоколи за заштита. Заштитната опрема се носи постојано а редот и оддржувањето на дистанцата е од самиот влез во болницата. Медицинскиот персонал, кој во семејството имал позитивен случај или самиот бил позитивен, после изолација се тестира и доколку е негативен се враќа на своето работно место.

„За среќа имаме многу добра организација на работата благодарение на директорот и главната сестра на болницата. Можам да се пофалам дека сме меѓу првите во регионот каде на целиот персонал им се мери температурата, најпрвин на самиот влез а потоа и неколку пати во текот на денот. Пациентите во операциона сала прво се примаат и се чуваат во изолација 24 часа, се тестираат при самиот прием и додека не стигне негативен тест пациентите не влегуваат во сала. Ние сме меѓу првите во регионот кои имаме брзи тестови набавени и доколку имаме итен пациент кој треба да се оперира во моментот му се прави брз тест и доколку истиот е негативен пациентот се оперира“, вели сестра Анета.

Во оваа здравствена установа каде во тек е рекострукција на зградата и се работи во тешки услови, без големи интензивни неги како порано, ковидот не ги затвори операционите сали. Се работи во две смени а има и приправна екипа која е на располагање 24 часа. Од 1-ви март минатата година до денес направени се 1377 операции. Операции се прават и на ковид-позитивни пациенти кога се работи за итен случај или пак првичниот тест покажал дека пациентот не е заболен од ковид но по два дена се појавиле првите симптоми.

„Нашиот медицински тим бил дел од операционен зафат кај пациент позитивен на корона. Брзиот тест бил негативен сме го оперирале а по два дена пациентот кренал температура и тестот покажал дека е позитивен на ковид-19. Но има случаи каде пациентот бил итен и операцијата не може да се одложи. Токму затоа ние кон сите пациенти се однесуваме како да се позитивни односно заштитните мерки кои се преземаат кај нас се на највисоко ниво. Во сала влегуваме со две маски, со наочари, со визери, скафандери, каљачи, капи а имаме и мантили кои се за една употреба“, додава Анета.

Страв секако дека постои, вели таа, но и покрај многуте позитивни пациенти персоналот успева да се заштити. Операционите сали секојдневно се чистат и дезинфицираат, уклучени се и бактерицидни лампи со УВ зрачење. Сите мерки кои се преземаат се налик на оние од ковид центрите. „Имавме пациент каде брзиот тест покажа негативен, черири часа траеше операцијата а по два дена тестот испадна позитивен. Човечки е да се плашат сите кои биле во операционата сала“.

За своето искуство во борбата со ковидот и деновите кои ги поминала додека сопругот бил во болничка постела Анета вели дека е страшна голгота која постојано ти влева неизвесност од исходот кој го носи секој следен ден. Најстрашно од се, како што вели, е грижата за своите најмили кога се хоспитализирани а ти си немоќен да направиш нешто ниту пак можеш да ги видиш.

„Мојот сопруг кој е лекар и работи во ковид центар беше позитивен и 16 дена беше хоспитализиран на одделение со средна клиничка слика, имаше билатерална бронхопневмонија, високи температури, покачени д-димери. Сите дома бевме во изолација, додека тој беше во болничка постела, посети нема, некогаш и на телефон не одговараше. Беше навистина голема траума која и ден денес остави последици“, раскажува Анета..

Таа како и останатите здравствени работници ја прими вакцината за заштита од ковид-19. Вели, тоа е единствениот начин да се заштитиме од ова зло кое не нападна.

„Сега се чуствувам посигурно во секој случај но се плашам бидејќи ми се враќаат сликите кога мојот сопруг ги преживуваше тешките денови. Постојано носам маска и ги почитувам сите здравствени мерки поротив ковид-19. Вирусот е навистина многу тежок. И СЗО сеуште нема излезено со став, протоколи за лекување сеуште нема. Засега единствено се заштитните мерки да се носат маски, да се одржува дистанца... Единствениот спас го гледаме во масовната имунизација и почитување на мерките“, вели главната сестра во операциона сала во ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид.

 Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK