Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Сузана Ристеска главна сестра во Свети Еразмо Охрид: Горди сме што во време на најголемата здравствеа криза бевме на ниво на задачата

Сузана Ристеска главна сестра во Свети Еразмо Охрид: Горди сме што во време на најголемата здравствеа криза бевме на ниво на задачата

Сподели

Сузана Ристеска главна сестра во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид: Горди сме што во време на најголемата здравствеа криза бевме на ниво на задачата.

 

 Пандемијата стивнува, секојдневно се намалува бројот на новозаболени лица, но здравствените работници се уште остануваат на браникот. Дел во лекување на заболените од корона, други во лекување на компликации од вирусот, трети ангажирани во процесот на имунизација на населението.

Пандемијата беше голем предизвик за сите здравствени работници. Не беше воопшто лесно, но успеавме да одговориме на задачата, вели Сузана Ристеска главна сестра во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид.

-„Ова беше едно ново искуство за сите здравствени работници. Како главна сестра  во организирањето на работата во услови на пандемија беше вистина посебен предизвик.  Првенствено, водевме грижа медицинскиот  персонал да биде заштитен, да се овозожат услови  за непречно  лекување на болните во поглед на воведување на заштитни мерки. Во почетокот спроведувавме и едукациа на сестрите  и на помошниот персонал, како треба да ја облече заштитната опрема, како правилно да ја соблече.Се што беше препорачано од министертсвото спроведуваме. Беше едно тешко исуство бидејќи вирусот беше нешто непознато за сите нас, вели Ристеска. 

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“  немаше ковид центар, но нивниот медицински персонал беше дирекно вклучен во лекување на заболените од корона вирсуот.

-„Ние немавме ковид центар, но голем дел од нашиот персонал ротираше и дирекно помагаше во лекувањето и третманот на ковид позитивните  на Инфективната клиника 8 ми Септември во Скопје. Исто помагавме и во општата болница Охрид и моментално имаме група медицински сестри кои  учевствваат во масовната вакцинација во вакциналниот центар Блјанини извори Охрид. Персоналот беше максимално ангажиран  и можам со гордост да кажам дека одговори на ниво на задача. Најсреќни сме што сите пациенти во нашата  установа добија здравствена услуга и нега каква што им е потребна. Сите што побаа лекарска помош добија, тоа е за нас успех, подвлекува главата сестра на болницата „Св Еразмо“.

Речиси целиот медицински персонал од болницата евакциниран.

-„Иминузацијата е она што единствено ни дава надеж дека ќе се врати животот во нормала. И покрај тоа што сме имунизирани, ние се уште  мора да ги почитуваме заштитните мерки , носење маски и хигиена. Со вакцинација може да постигнеме колективен имунитет,  а со тоа конечно ќе видиме светлост на крајот од тунелот во кој се најде сиот свет- пандемијата“, вели Ристеска.

 Грижејќи се за здравјето на пациентите голем дел од медицинските лица, на своја кожа ја почувствуваа суровоста на болеста.

-Иако ревносно почитував мерки, за жал и јас заболев од корона вирусот, Навистина беше многу тешко. Едноставно си прикован за кревет, меѓутоа бев среќна што поминав со полесна клиничка слика. Во тие тешки мигови се  бориш  за што поскоро да застанеш на нозе и да се вратиш во нормален живот, но потребно е време“, раскажува Ристеска.

Пандемијата го промени од корен социјалноит живот на сите.

-„Ни сме смени комплетно целиот социјален живот на сите. Настрана сме  од сите благодети на  социјалниот  живот, нема  дружби  и случувања. Семејни организирања и  меѓу најблиските ги избегнуваме.Единствено ме радува што пандемијата стивнува и секојдневно се намалува бројот на новозаболени лица од Ковид 19. Беше тежок притисок секојдневно да се добиваат информации за новозаболени во болницата да ја споделуваш нивната судбина ,  потресно е  кога знаеш низ се што минуваат. Тоа  се остава трага на сите нас“, додава Ристеска.

Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK